Вардар го труе сѐ и сешто | Северна Македонија | DW | 05.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Вардар го труе сѐ и сешто

Канализациски и индустриски отпад - водата на Вардар е екстремно нечиста. Институтот за јавно здравје откри и присуство на тешки метали. Тоа што денес се случува е катастрофа, велат оние кои се загрижени за Вардар.

Мустафа Екрем повеќе од 50 години лови риба на кејот на Вардар. Дури и денес, кога реката достигна петти степен на загаденост:

„Сега водата не е каква што беше. Плажа имаше горе, кај стадионот. Можеби не се сеќавате, но јас се сеќавам. Народ доаѓаше да се капе таму, а сега тоа го нема. Еве, како што гледате, водата е валкана, доаѓа сешто. Има и знак овде, пишува: „Капењето е забрането“.

Без прочистителни станици, Вардар го труе канализациски и индустриски отпад. Институтот за јавно здравје откри и присуство на тешки метали.

Видеото на оваа тема, погледнете го овде:

Гледај видео 02:33

#dw_BalkanBooster: Вардар го труе сѐ и сешто

Филип Серафимовски ,секретар на риболовно здружение „Рибар 2011” од Скопје, е огорчен:

„Ние како риболовно здружение од Скопје не ја препорачуваме за јадење рибата од Вардар, а тоа го потврдуваат и доста од надлежните институции - дека водата во Вардар е загадена, четврти, петти степен на загаденост во Скопје. Скопје нема колекторски систем, канализацијата директно тече во Вардар, отпадот од фабриките, од погоните, исто така. Имаме постојано, доста често, загадувања, помори на риби...

Риболовното друштво на Филип наместо со риболов, се занимава со еко-активизам. Само во последната герила-акција, од градежниот базен кај Камен Мост извадија повеќе од 50 автомобилски гуми.

„Тоа што денес се случува е катастрофа. Свеста на луѓето е на екстремно ниско ниво, барем во однос на зачувувањето на природата, на она што го имаме како природни ресурси, што во иднина за нас ќе значи многу, а ние за жал уште сега го уништуваме максимално“, опоменува Филип Серафимовски.

 

Поврзана содржина

Реклама