Фотографија на денот: Српски вакцини за Босна од пријателот Вучиќ | Информации и анализи за Балкан | DW | 03.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Фотографија на денот: Српски вакцини за Босна од пријателот Вучиќ

Србија и' испорача на Босна и Херцеговина 10.000 дози од вакцината АстраЗенека.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Сараево изјави дека е подготвен да испорача и вакцини од некои други производители. Тој ги отфрли наводите дека со донацијата на вакцини за БиХ, Србија се обидува да наметне доминација во регионот. Вучиќ рече дека Србија се однесува „вообичаено, како сосед и како пријател“: „Не бараме благодарност, а не ми паѓа на памет ниту да ја работам работата на ЕУ, само сит сум од празни приказни - кога едни ќе направат едно, тоа е прекрасно, а кога тоа ќе го направат други, тогаш тоа ништо не чини. И ние во Србија и вие во БиХ се надевавме на вакцини од ЕУ, а не ги добивме, ниту една, ни во Белград ни во Сараево. Ќе се заблагодариме во март или април, кога ќе ги добиеме првите вакцини преку програмата Ковакс.“

Поврзана содржина