Резолуција за праведна распределба на вакцините | Свет | DW | 26.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Резолуција за праведна распределба на вакцините

Советот за безбедност на ОН едногласно донесе резолуција за правилна распределба на вакцините против коронавирус.

Резолуцијата која ја предложи Велика Британија доби поддршка од сите 15 членови на Советот за безбедност на Обединетите нации. Намерата е да се подобри пристапот до вакцини пред се' на посиромашните земји и регионите каде има конфликти, се вели од дипломатски кругови.

ПовеќеСега ги нема доволно, наскоро вакцини во Европа ќе има на претек

Ова е втора резолуција на Советот за безбедност на ОН во врска со пандемијата на коронавирус во рок од една година. Членовите на СБ на ОН со неа го повторуваат своето барање за солидарност со посиромашните држави и прекин на огнот во конфликтите.

Агенцијата АФП јавува дека во текстот на резолуцијата се охрабруваат побогатите земји да донираат вакцини против коронавирус на општества со низок или среден стандард.

UN-Generalsekretär Antonio Guterres

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, бара „светски план за вакцинирање“

Членките на ОН јасно се повикуваат да не складираат вакцини. Освен тоа, се бара и зајакнување на „националните и мултилатералните пристапи во меѓународната соработка“ за да се постигне „рамноправен и финансиски возможен пристап до Ковид-19-вакцини во ситуации на вооружени конфликти, повоени состојби, како и во комплексни хуманитарни ургентни ситуации“. Според наводи на ОН, во вакви услови ширум светот живеат 120 милиони луѓе.

ПовеќеЕУ- самит: Вакцинирањето е најголем приоритет

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатата недела опомена дека е неопходен „светски план за вакцинирање“, за да се спречи посиромашните држави да извисат во процесот на вакцинирање против коронавирус. Според Гутереш, досега 75% од сите вакцини кои стојат на располагање се даваат на граѓаните во само десет земји. Освен тоа, во 130 држави во светот досега воопшто не се почнало со вакцинирање на населението.

Гледај видео 00:47

Доставени првите вакцини од програмата Ковакс