Клинички се тестираат над 50 вакцини против Ковид | Свет | DW | 23.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Клинички се тестираат над 50 вакцини против Ковид

Додека светот се вакцинира со вакцини кои имаат добиено дозвола за употреба, научниците ги надгледуваат актуелните и работат паралелно на нови вакцини. Што сѐ се прави во лабораториите?

Колку луѓе се досега вакцинирани?

Data visualization - COVID-19 vaccine tracker - Vaccination rates global map - Update Apr 21, 2021 - English

Вакцинирани лица на 100 жители (опфатени се и оние што добиле една и тие што добиле две дози вакцини)

Data visualization - COVID-19 vaccine tracker - Vaccination rates by continent - Update Apr 21, 2021 - English

Процент на вакцинирани луѓе по континенти

Каква е состојбата со развојот и тестирањето на вакцините?

Научниците во моментов во клинички студии тестираат ефикасност на над 50 кандидати за вакцини.

Data visualization - COVID-19 vaccine tracker - Stages - Update April 16, 2021 - English

Вакцините против Ковид-19 се во различни фази на развој, притоа најмногу се во предклиничка фаза - над 180, а најмалку имаат дозвола - само 4

Објаснување: Во визуелизацијата вакцините се прикажуваат како одобрени ако американската и европската агенција за лекови ФДА и ЕМА дале дозвола за нив, односно ако вакцината добила дозвола од една од овие агенции или од СЗО.

Во моментов дозвола имаат четри вакцини. Тие се развиени од:

Голем дел од кандидатите за вакцини се наоѓаат сѐ уште во предклиничка фаза, односно во фаза кога се тестираат на пример врз животни. Клиничката фаза, која следува потоа, се разликува меѓу другото по својот обем:

  • Во Фаза 1 вакцината се тестира врз мали групи пациенти
  • Во Фаза 2 вакцината се тестира на поголеми групи од најмалку 100 тест-лица, при што посебен фокус може да биде ставен на предисторијата на болести или демографски карактеристики, како возраст
  • Во Фаза 3 ефикасноста и безбедноста на вакцината се тестира на најмалку 1000 пациенти

Некои компании, како Бионтек и Фајзер, или Синовак, ги проверуваат вакцините паралелно со повеќе тестови, како на пример во различни старосни групи или со различни дози.

Откако клиничката фаза ќе заврши успешно, компанијата може и формално да поднесе барање за дозвола на вакцината.

Како посебно важни притоа се сметаат дозволите од три регулаторни тела: Американската агенција за лекови ФДА (Food and Drug Administration), Европската агенција за лекови ЕМА (European Medicine Agency) и јапонската медицинска агенција (Pharmaceutical and Medical Device Agency).

Што се случува откако една вакцина ќе добие дозвола?

Дури и откако една вакцина ќе добие дозвола, тоа не значи дека веднаш може да бидат вакцинирани сите луѓе. Вакцината прво мора да се произведе во поголеми количества. Потоа логистиката мора да обезбеди распоредување на вакцината, а општествата да одговорат и на низа етички прашања, како на пример како ќе се распределува вакцината на луѓето или кој има предност при вакцинирањето.

На крајот, секој носи одлука сам - во истражување направено во летото 2020 година на 13.000 луѓе од 35 земји кои беа најсилно погодени  од пандемијата, се покажа дека мнозинството ќе се вакцинира кога ќе има посигурна и поефикасна вакцина. Оттогаш, според истражување на ЈуГов од јануари 2021 година, подготвеноста за вакцинација е зголемена во некои европски земји, додека во други региони од светот не може да се препознае јасен тренд.

На колку различни типови на вакцини се работи?

Во моментов научните тимови работат на 13 различни начини со цел да дојдат до вакцина против коронавирусот.

Најголемиот дел од кандидатите се протеински засновани вакцини: Наместо за вакцината да се употреби целосен патоген вирус, тие се потпираат врз дел од вирусот - во случајов врз протеин кој навлегува во обвивката на вирусот.

Овој протеин им се инјектира на пациентите во голема доза со цел да се предизвика брза и силна реакција на имунолошкиот систем, во надеж дека имунолошкиот систем во иднина ќе се „сеќава“ на протеинот и ќе започнува слично добра одбрана кога ќе дојде во контакт во вистинскиот вирус. На овој принцип функционираат вакцините против хепатитис Б или ХПВ.

Досега, во Фаза 3 се стигнати уште четири други типови на вакцини:

Нереплицирачки вирусни вектори се еден вид на т.н. рекомбинантни вакцини. Притоа научниците ја менуваат генетската информација на вирусот со тоа што исклучуваат или менуваат одредени функции. На тој начин можат на пример да ја намалат заразноста на вирусот. Предуслов за таквите генетски промени, меѓутоа, е научниците да имаат веќе точна слика за тоа кои делови од геномот на вирусот се надлежни за што, со цел да може да се прават целни манипулации. „Нереплицирачки“ значи дека вирусот ги зафаќа човечките клетки, но таму веќе не може да се размножува самостојно.

Вакцините со неактивен вирус користат „мртва“ верзија на патогенот кој ја предизвикува болеста. Тие по правило не обезбедуваат толку добар имунитет како другите вакцини, поради што мора да се добијат повеќе вакцини за да постигне добар имунитет. Примери за вакцини со неактивен вирус се оние против грип или хепатитис А.

Вакцините со РНК-пристап следат друга стратегија - не користат „вистински“ дел од вирусот. Наместо тоа, научниците во овој пристап се служат со трик - тие го доведуваат човековото тело до тоа самото да произведе одредена компонента на вирусот. Со оглед на тоа што се создава специјална компонента, од тоа не може да произлезе целосен вирус. Сепак, имунолошкиот систем научува да ја препознае таа за човекот нетипична компонента и покренува реакција на одбрана.

Вакцините од категоријата честички слични на вирусот функционираат според овој принцип: за вакцината се користи само празната обвивка на вирусот, која веќе не содржи наследни информации и на тој начин се тренира имунолошкиот систем

Кога станува збор за вакцините кои се базираат врз ДНК, на пациентите им сеинјектира геномот на вирусот за човечкото тело да почне самото да продуцира вирусни честички без да се инфицира. Врз основа на вирусните честички што самото тело ги продуцирало, имунолошкиот систем учи да го препознае вирусот и да се бори против него.

Data visualization - COVID-19 vaccine tracker - Types - Update April 16, 2021 - English

Различни пристапи во развојот на вакцините

Кој работи на вакцини против коронавирус?

Во моментов на развој на вакцина против коронавирус работат над сто научни тимови ширум светот. 24 тимови се во третата фаза од развојот на вакцината.

Data visualization - COVID-19 vaccine tracker - Research Teams - Update April 16, 2021 - English

Секој квадрат е симбол на еден научен тим, а големината на квадратите е направена според бројот на лица опфатени во истражувањата во Фаза 3

Иако дел од овие вакцини веќе имаат дозвола во некои земји, тие и натаму се истражуваат паралелно, во клинички студии.