Вакцина против коронавирусот: „Наскоро почнуваат првите тестови“ | Свет | DW | 25.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вакцина против коронавирусот: „Наскоро почнуваат првите тестови“

Фармацевтските компании ширум светот се во потрага по вакцина против коронавирусот. Така е и во Германија, каде меѓу другото, надежи се полагаат и врз биотехнолошката фирма CureVac.

Мнозински акционер во CureVacе Диевини Хоп Био Тех Холдинг на милијардерот и основач на САП, Дитмар Хоп. Тој во интервју за „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“ изјави дека ако се’ оди како што треба, вакцината би можела да биде ставена на располагањенаесен.Дојче веле за детали се распраша кај Фридрих фон Болен, биохемичар и раководител во Диевини Хоп Био Тех Холдинг, како и член на надзорниот одбор на CureVac.

Дојче веле: Господине Фон Болен, во светот има трка околу вакцината против коронавирусот. Вие со вашата фирма сте на врвот. Како напредувате?

Фридрих фон Болен: Прво, мора да се сфати што се’ се случува. Вакцините се единствената можност за заштита на луѓето од инфекцијата. Потоа, може да се создадат лекови за пациентите кои веќе се болни. И во тој дел се одвиваат активности. И, во меѓувреме, се сфати дека агресивната форма на овој Ковид-19 може да доведе до тешко воспаление на белите дробови. Со развојот на други лекови се прават обиди да се стави под контрола тоа воспаление и со тоа да им се помогне на тешко погодените пациенти. Вакцината, се разбира, би била најдоброто нешто. Тука има различни активности. Ние се обидуваме за вакцината како извор на информации да ја искористиме т.н. mRNA (информациска рибонуклеинска киселина, н.з.). Наскоро можеме  да почнеме со клинички тестирања. Мислам дека се работи за многу добар состав на супстанции со кој може да се направи добра вакцина.

Friedrich von Bohlen Geschäftsführer Dievini Hopp Biotech (Dievini)

Дитрих фон Болен, раководител во dievini Hopp Biotech holding Gmbh&Co KG

Велите наскоро. Можете ли да бидете малку попрецизини? Многу луѓе често се прашуваат уште колку долго ќе траат ограничувањата на движењето. Каков е Вашиот временски план?

Јас не сум производител и работите зависат од многу фактори кои се надвор од моите сознанија. Веројатно, што се однесува до лековите, се’ ќе потрае уште неколку месеци. Што се однесува до вакцината, односно до нејзината достапност, исто така се потребни неколку месеци. Во врска содозволата за вакцинирање, кај вакцините може да зборуваме повеќе за период од околу една година.

Колку Вашата компанија, на пример, може да произведе од овие вакцини?

Во врска со вакцината денес е голема непознаница колку им е потребна имунолошка заштита на луѓето за навистина да се спречи инфекција. Тоа не може однапред да се предвиди или да се тестира врз луѓе неконтролирано. Затоа чекорите кои водат до таму се прецизирани од страна на регулаторите. Тоа мора да биде така, зашто мора да се заштитат и лицата кои доброволно се пријавуваат за тестирање. Едноставно, неопходно е извесно време додека се стигне до тие сознанија. Тој процес може само делумно да се забрза. Што се однесува до достапноста на вакцината, mRNA има голема предност. На пример, од едно друго испитување во CureVac на вакцина против беснило знаеме дека со само еден микрограм можеме целосно да го заштитиме човекот. Тоа значи дека со само еден грам mRNA би можело да се вакцинираат еден милион луѓе.

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

За споредба: кога станува збор за конвенционалните лекови честопати се потребни 500 милиграми супстанција, односно со еден грам може да се произведат само две порции. mRNA е многу потентна, со малку материјал може да се постигне добра заштита. Тоа значи дека материјалот може за кратко време да биде ставен на располагање. Мислам дека во втората половина од годинава би можеле да имаме доволно материјал, но не знам дали тогаш ќе има и дозвола.

Фридрих фон Болен заедно со Дитмар Хоп и Кристоф Хетих е основач на dievini Hopp BioTech Holding GmbH & Co KG.Тој студирал биохемија на Универзитетот Цирих и докторирал невробиологија на Вишата технишка школа во Цирих (ЕТH).

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама