Бионтек и Фајзер бараат дозвола за вакцинирање деца постари од 12 години | Свет | DW | 10.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бионтек и Фајзер бараат дозвола за вакцинирање деца постари од 12 години

Бионтек и Фајзер бараат инјектирање на нивната вакцина и на деца постари од 12 години. Барањето до американската агенција за лекови е веќе поставено, а во наредните денови ќе бидат поднесени барања и до други агенции.

Американскиот фармацевтски концерн Фајзер соопшти дека во петокот (9.04) е поднесено барање до Американската агенција за лекови (ФДА) за дозвола за употреба на вакцината и кај деца постари од 12 години. Слични барања „во наредните денови“ треба да бидат поднесени и кај други национални агенции за лекови, се вели во соопштението. Досега употребата на вакцината на Фајзер е дозволена за млади постари од 16 години.

Клиничка студија во групата на возраст од 12 до 15 години покажала стопроцентна ефикасност, се вели во соопштението. Нуспојавите биле соодветни на оние кои се појавиле во групата на возраст од 16 до 25 години, објаснува концернот. Поради безбедносни причини, здравјето на околу 2300 учесници во студијата во САД ќе се набљудува уште две години по добивањето на првата доза на вакцината.

Повеќе:

Орден за заслуги за Озлем Туречи и Угур Шахин, творците на вакцината Бионтек/Фајзер

СЗО: Бавното вакцинирање ја продолжува пандемијата во Европа

Вакцинираните против грип се поотпорни на Ковид-19 - зошто?

Кај младите кои добиле плацебо-вакцина, се појавиле 18 случаи на инфекција со коронавирус, додека во групата од 1131 деца вакцинирани со Бионтек/Фајзер немало ниту еден единствен заразен.

Производителите веќе имаат почнато клиничка студија за бебиња постари од 6 месеци и мали деца. Американските експерти, меѓутоа, не сметаат со барање за дозвола за вакцина за оваа група пред почетокот на наредната година.

Гледај видео 02:41

САД: Вакцинација со „турбо“ брзина