Вакцината на Бионтек ефикасна и против мутираниот коронавирус | Свет | DW | 22.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Вакцината на Бионтек ефикасна и против мутираниот коронавирус

„Многу е веројатно дека вакцината на Бионтек дејствува и против мутираниот коронавирус откриен во Велика Британија“, вели шефот на фирмата Угур Сахин. По потреба, Бионтек може за шест недели да ја приспособи вакцината.

Шефот на германското фармацевтско претпријатие Бионтек очекува нивната вакцина да е делотворна и против мутацијата на коронавирусот откриена во Велика Британија. Од научен аспект , веројатноста за тоа е исклучително висока, истакна денеска Угур Сахин на прес-конференција. Вакцината досега е тестирана против околу 20 различни варијации на вирусот и кај сите предизвикала одговор на имунолошкиот систем. Дали тоа важи и за најновата верзија на коронавирусот, ќе се покаже во следните недели.

Во секој случај, Бионтек во принцип за шест недели би бил во состојба да развие препарат и против мутацијата на коронавирусот која се шири низ Валика Британија. „Тоа е меѓутоа чисто техничко размислување", истакнува Угур Сахин, зашто не станува збор само за технички прашања туку и за издавање дозвола за користење на вакцината од страна на надлежните органи. 

Платформата на сегашната вакцина не би претрпела промена при натамошниот развој, појаснува и медицинскиот директор и соосновач на Бионтек, Озлем Туречи. Во овој случај клучно е во колкав степен регулаторните служби би ја акцептирале како база веќе констатираната сигурност и ефикасност на постојната вакцина. Од тоа би зависело времетраењето на евентуален процес на издавање дозвола.

Новата варијанта на Сарс-КоВ-2 брзо се шири претежно во југоисточна Англија. Британскиот премиер Борис Џонсон тврди дека овој вид на вирусот е 70 проценти позаразен од првичната варијанта.

Israel Tel Aviv | Coronavirus | Impfstoff Pfizer-BioNTech

Со вакцината на Бионтек/Фајзер веќе се врши имунизација во Велика Британија и во САД

Бројни држави воведоа ограничувања на сообраќајот со Велика Британија заради спречување на „увоз" на мутираната верзија на коронавирусот од Велика Британија, Ирска, но и од Јужна Африка.

Повеќе на темата:

ЕУ: Гигантскиот потфат на вакцинирање може да почне

„Бионтек“: Турското семејство кое ја создаде вакцината против коронавирусот

Вакцина за коронавирус– одговори на најважните прашања

Германија има посебна стратегија за вакцинирање против корона

Претседателот на Германската лекарска комора во меѓувреме предупреди да не се шири паника. Мутациите на вирусите не се ништо невообичаено, истакна Клаус Рајнхард: „Треба да останеме мирни и да користиме конструктивен пристап."

Кај виролозите уште нема дефинитивно мислење дали новата варијанта на вирусот има навистина значително повисока стапка на преносливост.

За тоа сѐуште не постојат јасни научни докази, вели Рајнхард.

Европската агенција за лекови вчера издаде привремена дозвола за вакцината на Бионтек/Фајзер, со што е отворен патот за масовна вакцинација во земјите на ЕУ.

Претпријатието Бионтек од Мајнц и американскиот партнер Фајзер најавуваат испорака на 50 милиони дози уште во оваа година. Сите членки на ЕУ кои порачале вакцина кај Бионтек во следните пет дена ќе ги добијат првите пратки.

Во Германија в сабота се очекува пратка од преку 150.000 дози вакцина, како што соопшти сенаторот за здравство во берлинскиот сенат, повикувајќи се на германското Министерство за здравство. До крајот на годинава ќе следат околу 1,2 милиони дози. Бионтек планира од февруари да почне производство на вакцината и во нов погон во Марбург.

Вакцината мора да се транспортира и чува на сув мраз на температура од минус 70 степени Целзиусови. Секоја пратка е опремена со ЏПС чип, за производителот да може да ја контролира температурата. Препаратот, чуван на два до пет степени, потоа е употреблив пет дена. Ефикасноста на вакцината на Бионтек/Фајзер изнесува 95 проценти.

 

Реклама