Важна е љубовта, а не поседот - опоменува папата | Свет | DW | 25.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Важна е љубовта, а не поседот - опоменува папата

Папата Франциско на Бадник се пожали на неумереноста и на нееднаквоста во светот. „Човекот стана алчен и ненаситен“, изјави поглаварот на Римокатоличката црква на Бадниковата миса во Ватикан.

Папата Франциско вчера ги повика христијаните да запрат со алчност, трупање работи и материјализам за Божиќ и наместо тоа да се насочат кон неговата порака за едноставност, добродетелство и љубов.

Папата Франциско служеше миса за Бадниковата вечер во црквата Свети Петар со што ја отвори целонеделната служба. На програмата на 82-годишниот папа исто така е утрешното читање на Божиќната порака, молитви на 26 декември, Новогодишната вечерна молитва и мисата на 1 јануари.

Папата Франциско се насочи кон сиромашните и угнетуваните откога дојде на местото поглавар на Римокатоличката црква. Првиот латиноамерикански папа во Католичката црква го осуди глобалниот финансиски ситем кој, како што вели, ги прави богатите побогати на сметка на сиромашните.

Додека папата Франциско ја предводи Божиќната церемонија во Ватикан, државниот секретар, кардиналот Пијетро Паролин тргна во Ирак да го прослави Божиќ со тамошната католичка заедница. Католиците меѓу верските малцинства се разорени од насилство на групи како што е Исламска држава, поради што десетици илјади од нив мораа да ги напуштат своите домови.

Посетата на Паролин е јасен знак за солидарност на папата со нив.

DW.COM

Реклама