Буш го предупредува Малики околу конструктивноста на Иран | Вести | DW | 10.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш го предупредува Малики околу конструктивноста на Иран

*

Американскиот претседател Џорџ Буш го предупредил ирачкиот премиер Нури Ал Малики да не биде премногу помирувачки настроен кон Иран, бидејќи таа земја е закана за стабилноста на Ирак. Малики кој е во посета на Техеран побара поддршка од Иран во справувањето со внатрешната криза.

„Ако Малики смета дека улогата на Иран е конструктивна, тогаш ќе морам искрено да поразговарам со мојот пријател,“ изјави Буш. Вашингтон го обвинува Иран дека ги поддржува и вооружува екстремистите во соседен Ирак. Техеран ги отфрла обвинувањата.