Буш – вето | Вести | DW | 03.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Буш – вето

Ветото што американскиот претседател, Џорџ Буш го стави врз законот со кој се бара почеток на повлекувањето на американските сили од Ирак во октомври годинава, останува. На демократите во конгресот не им успеа да го симнат ветото на претседателот. За законот уште еднаш галсаа 222 пратеници, а 203 беа против. За да го надгласаат ветото на Буш, на демократите им беше потребно двотретинско мнозинство гласови.