Бурата „Аксел“ предизвика поплави во северна Германија | Панорама | DW | 05.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бурата „Аксел“ предизвика поплави во северна Германија

Поплавени улици, автомобили под вода, пробиени брани - бурата предизвика големи штети во повеќе германски градови на брегот на Балтичкото Море

Најсилната поплава предизвикана од бура на германскиот брег на Балтичкото Море од 2006. година наваму, доведе до значителни штети во покраините Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Предна Померанија. Во многу места се поплавени подрумите, автомобилите мораа да бидат шлепувани. Пожарникарите беа во постојана акција. Од поплавата предизвикана од бурата најпогодени се градовите Кил, Либек, Росток, Варнеминде, Фленсбург, Висмар и островите Риген и Узедом. Водостојот вчера бил зголемен за 150 до 170 сантиметри во однос на нормалниот. Утрината водостојот долж крајбрежјето почна да опаѓа.

Бурата „Аксел“ од Скандинавија ноќеска се движи од брегот на Балтичкото Море во правец кон Белорусија. Во северниот дел од Германија и денеска се очекуваат обилни врнежи од снег и замрзнат дожд. Големи врнежи од снег се очекуваат и во покраините Баварија и Баден-Виртемберг. За време на викендот во делови од Германија се очекуваат рекордно ниски температури до минус 26 степени Целзиусови. 

За последиците од невремето погледнете во видеото: 

Гледај видео 00:33

Поплави во Северна Германија

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама