Бунтовниците сега сакаат да го преземат целиот Алепо | Свет | DW | 08.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бунтовниците сега сакаат да го преземат целиот Алепо

Откако го проби опсадниот прстен на владините сили во Алепо, бунтовничката алијанса најави одлучувачка битка за преземање на целиот град. Во меѓувреме Русија и силите на Асад ги засилуваат воздушните напади

„Најавуваме почеток на нова фааза за ослободување на цел Алепо“, порача преку соопштение сојузот „Џаиш ал-Фатах“ (Армија на освојување). За оваа битка бројот на борци двојно ќе се зголеми, се вели од страна на коалицијата на сириски бунтовници и на нивните сојузници џихадисти. Бунтовничката алијанса изгледа каоо да собра нова храброст, откако очигледно ѝ успеа да го пробие опсадниот прстен на сириските владини сили во Алепо. Државните медиуми го демантираа ова, но признаа дека имало загуби во борбите во Алепо.

„Нема да престанеме да се бориме сѐ додека знамето на 'Џаиш ал-Фатах' не се вее на цитаделата на Алепо“, се вели натаму во соопштението. Исламистичката милиција „Ахрар ал-Шам“ претходно преку социјалната мрежа Твитер најави дека ја освоила населбата Рамуса на југот на Алепо и и со тоа по тринеделна опсада од страна на трупите на претседателот Башар ал-Асад го „ослободила патот кон Алепо“.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во неделата наутро на југот на Алепо има спорадични борби и воздушни напади. Оваа сириска опозициска организација со седиште во Лондон се повикува на податоци кои ги добива од мрежа на информанти во Сирија и нејзините наводи тешко се проверуваат.

Шефот на организацијата, Рами Абдел Рахман, говори за еден од најтешките порази за владините трупи од почетокот на граѓанската војна во 2011 година. Според опсерваторијата, меѓутоа, ниту еден цивил од бунтовничките населби во Алепо, кои беа под опсада со недели не успеал да помогне, зашто рутата во насока на југозапад, која е под контрола на бунтовниците е „премногу опасна и не е обезбедена“. Во населбите во Алепо под контрола на сириските владини трупи сега според проценките се наоѓаат 1,2 милиони луѓе.

Силите на претседателот Асад и нивните сојузници , според наводи на репортерите од теренот започнале масивна контра-офанзива. Се говори за стотици воздушни напади врз Алепо и пристапните патишта. Русија секогаш го поддржуваше Асада кога тој полагаше право на поранешната трговска метропола.

Во битката за пробивање на блокадата во Алепо според податоците на Сириската опсерваторија за човекови права за една недела загинале повеќе од 700 борци на двете страни, како и најмалку 130 цивили.

DW.COM

Реклама