Бугарското стопанство профитира од грчката криза | Балкан | DW | 30.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Бугарското стопанство профитира од грчката криза

Грчката влада ги зголемува даноците за да покрие барем дел од долговите, но и граѓаните бараат излез од кризата. Затоа претпријатијата и нивните евра масовно се селат во соседна Бугарија.

default

Градот Сандански во Бугарија е одморалиште и елдорадо за грчките посетители, кои ја минуваат границата на кратко, на шопинг или остануваат подолго. Во рестораните, менијата веќе се нудат на грчки јазик, продавниците исто така ги рекламираат распродажбите на грчки јазик - впрочем жителите веќе одамна се прилагодија на потребите на гостите од преку границата. Градот доживува пораст, а причината се Грците. „Овде може да се склучат добри зделки, потребни се помалку пари отколку кај нас, парите овде се посигурни, се плаќаат пониски даноци“, подвлекува грчки трговец во Сандански.

Грчките парите за инвестиции лежат во Бугарија

Грците носат пари во малопродажбата, но не изостануваат ниту големи зделки. Бугарија има сопствена валута, левот, но тој е цврсто врзан за еврото и е стабилен. „До сега имаше само текстилци, но сега доаѓаат фирми за се’ можно - мебел, сладолед, слатки, навистина се’“, истакнува Александрос Сарафидис, сопственик на

Symbolbild Sofia Bulgarien

Бугарија - елдорадо за грчките фирми

кафуле. Со фирмите доаѓаат и банките. Грчките банки, имено, контролираат 20 проценти од бугарскиот финансиски систем. Се чини тука лежат парите кои во Грција недостасуваат за инвестиции. „Ние профитираме од кризата во Грција, за жал така е. Меѓутоа, имаме една од најстабилните економии во Европа. Таа е сиромашна, но банкарскиот систем е силен“, вели Мартин Захариев член на управниот одбор на банката Сосиете Женерал - Бугарија.

Банките во Бугарија се сметаат за стабилни, поради релативно високиот сопствен капитал. Главниот град Софија стана важна банкарска метропола.

Ниската даночна стапка магнет за грчките инвеститори

Оваа година 800 грчки претпријатија ја напуштија земјата во правец на Бугарија. Канцелариите се евтини, кириите ниски, меѓутоа одлучувачка е паушалната даночна стапка од 10 проценти. Таа делува како магнет. Среде кризата, бројот на инвестициите се зголемува. Работната сила во Бугарија е добро обучена и е евтина. Инвестициите досега отворија преку 80.000 работни места. Меѓутоа, во време на пораст на инвестиции на претпријатијата, никој не сака јавно да зборува за грчките сопственици.

„Само во Сандански има 50 до 60 грчки фирми, меѓу нив и големи фирми со преку 1.000 вработени, како на пример фирмата ’Еурокомерц’, другите имаат по 200 - 300 вработени, така што во Сандански веќе нема невработени,“ вели Румен Димитров, економски советник.

Ова, меѓутоа, е меч со две острици - бум кој живее поради избегнување данок. Релативната предност, може да биде минлива.

Автор: Томас Моравски / Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски