Бугарија отвора два центри за вакцинација на македонски граѓани | Северна Македонија | DW | 17.05.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Бугарија отвора два центри за вакцинација на македонски граѓани

Македонски граѓани ќе можат да се вакцинираат во меѓуграничната зона меѓу пунктовите Станке Лисичково - Делчево и Златарево - Ново Село. 

Бугарија отвара два центри за вакцинација против Ковид-19 на граничните премини со С. Македонија, на кои ќе можат да севакцинираат македонски граѓани. Како што јави бугарската телевизија БНТ, македонски граѓани ќе можат да се вакцинираат во меѓуграничната зона меѓу пунктовите Станке Лисичково - Делчево и Златарево - Ново Село. 

Бидејќи мобилните канцеларии се наоѓаат во меѓуграничната зона, граѓаните нема да мора да влегуваат во Бугарија и затоа не треба да покажат негативен резултат на ПЦР тест. Оние коишто сакаат да се вакцинираат ќе можат да изберат помеѓу АстраЗенека, Бионтек/Фајзер и Модерна. Имунизацијата, како што најавуваат бугарските медиуми, ќе започне утре и веќе имало регистрирани жители на Република Северна Македонија кои се заинтересирани да се вакцинираат на овие пунктови.

-повеќе на темата:Вакцинирање во Бугарија: Млад, здрав и - вакциниран!

Отворањето на мобилните канцеларии е идеја на бугарскиот филантроп д-р Милен Врабевски, наведува БНТ. 

И бугарската агенција БГНЕС неодамна објави дека бугарската клиника „Комак Медикал“ започнува вакцинирање на сите македонски граѓани без ограничувања со вакцините „Фајзер“ и „Модерна“ против Ковид-19. Од претставништвото на бугарската клиника за испитувања на лекови во Скопје за ДВ тогаш информираа дека вакцинацијата ќе се изврши во клиничкиот центар на компанијата во дворот на Александровската болница.