Бугарите и Македонците во Вселената! А кога на Земјата? | Информации и анализи за Балкан | DW | 13.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Бугарите и Македонците во Вселената! А кога на Земјата?

Слави Трифонов сака да испрати Бугарин и „северен Македонец“ заедно во вселената. Но, зарем не е подобро прво да ја поправиме нашата врска на Земјата? Коментар на Александар Андреев

Бугарин и Бугарка заедно со „северен Македонец“ во вселената. Симпатична идеја, без сомнение. Во минатото, „големиот брат“ СССР на сличен начин ги развезуваше  браќата и сестрите од социјалистичкиот лагер на патешествија во орбитата на Земјата. Сега Бугарија, како „голема сестра“, може да ја организира истата вселенска екскурзија за македонскиот сосед. Каква оценка да му дадеме на скалата од 0 до „лукав политички потег“?

А кога заедно на Земјата?

Не е важно дали идејата му припаѓа на г-дин Станислав Трифонов или на други бугарски политичари: очигледно целта е да се направи импресивен потег со коњот на шаховската табла на збунетите бугарско-македонски односи. Ем да се прегрнеме на небото и со тоа да ги расчистиме противречностите засекогаш, ем да му покажеме на светот дека сме конструктивни и прогресивни.

Deutsche Welle Bulgarische Redaktion Alexander Andreev

Александар Андреев е главен уредник на редакцијата на бугарски јазик на ДВ


Да, прекрасен огномет. Но, зарем не е подобро прво да ја поправиме нашата врска на Земјата, на многу специфично парче земја што го делиме веќе со милениуми? Зарем не е подобро на тоа парче земја наместо граници да изградиме железници и патишта, да изградиме заеднички индустриски паркови и туристички места и да го  претвориме во прекрасен и просперитетен дел од ЕУ?

Вселенска шеќерна волна

Празни фантазии… Во моментов Бугарите и Македонците се лути едни на други и повеќе сакаат една од двете нации да биде што подалеку - во вселената или на Марс. Во меѓувреме, победникот на парламентарните избори продолжува да ги лаже своите избирачи со шеќерна волна.

DW.COM

Поврзана содржина