Бугарите гневни поради растечките цени на горивата | Свет | DW | 19.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бугарите гневни поради растечките цени на горивата

Во Бугарија, илјадници луѓе на викендот протестираа против зголемените цени на горивата. Демонстрантите изразија незадоволство и од нискиот животен стандард во земјата.

Учесниците на протестот во текот на вчерашниот ден  со своите автомобили привремено ги блокираа двата автопати од главниот град Софија до Црното Море. Кратки блокади исто така имаше и на граничните премини кон Турција и кон Грција. Демонстрантите, исто така, го блокираа преминот Петрочан на Стара планина.

Покрај тоа, стотици луѓе протестираа во Софија и  во неколку други градови како Пловдив и Варна против зголемените цени на горивата и актуелно воведените зголемени даноци за сопствениците на постари возила. Демонстрантите се пожалија на нискиот животен стандард во најсиромашната земја членка на ЕУ. Учесниците на протестот побараа оставка на владата на премиерот Бојко Борисов и „промена на системот“.

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнлиев не исклучува вмешаност на Русија во протестите во изминатите денови. „Не може автомобили со руски таблички и обележја да ги предводат протестите “, изјави Плевнелиев во телевизиско интервју.

 

Реклама