Брутални џихадисти меѓу сириските сојузници на Анкара | Свет | DW | 15.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брутални џихадисти меѓу сириските сојузници на Анкара

Во офанзива во Сирија Турција се потпира и на сириски борци. Многу од нив се радикални исламисти, кои извршиле злосторства. Кои се овие арапски сојузници на Анкара, и каква полза имаат тие од офанзивата?

На интернет кружат снимки од северот на Сирија кои наводно прикажуваат злосторства за време на турската воена инвазија. Во едно од видеата може да се воиди како еден војник од непосредна близина пука во човек склопчен на земја. Заедно со останатите борци гласно вика: „Свињи!“ Овие заматени снимки од североистокот на Сирија каде што се водат борби наводно прикажуваат убиство на курдски заробеник.

Автентичноста на записот се' уште не е потврдена.„Со години во војната на сите страни се водат пропагандни кампањи чија цел е да се обвини другата страна за кршење на човековите права. Ширењето на лажни вести е честа појава, но таквите видео снимки секогаш е тешко да се проверат“, вели Хајко Вимен од претставништвото на Меѓународната кризна група во Каиро.Во пограничниот град Рас ал Аин сириските бунтовници на главниот пат поставија контролен пунк. Тука наводно се запрени и потоа убиени курдската политичарка Хеврин Калаф, генералната секретарка на партијата „Иднина на Сирија“, и нејзиниот возач.Според наводите на воениот сојуз СДФ, убиците се припадници на сириските трупи кои и' помагаат на Турција.

Повеќе:

-Сирија: Турската инвазија ја зајакнува Исламска држава

-Трамп: Санкции за Турција, Наполеон Бонапарта за Курдите

-Курдите ги менуваат сојузниците: Напомош повикан Дамаск

Тоа се поранешни борци на Слободната сириска армија (ФСА) која еден период контролираше важни делови од Сирија. „Тоа се остатоци од ФСА, кои сега се во целосна контрола на Турција, а Анкара ги финансира со години“, вели Вимен.Никој не може да го одреди точниот состав на овие групации. Еден дел за време на војната се придружи на исламистите, а другиот дел е поумерен. „Овие борци Турција ги обучува и ги опремува уште од 2016 година. Тие се надеваат на ослободување на делот на Сирија кој е под контрола на режимот на Асад“, додава нашиот соговорник.

Брутални паравојски

Во снимката на која се гледаат вооружени луѓе кои претресуваат празно возило со уништени прозорци се слушаат зборовите „Национална војска“ и „Султан Мурат“. Во „Националната армија“ која ја основаше Турција се борат и припадници на сириската паравојска „Султан Мурат“.Овие претежно исламистички групи се познати по својата бруталност уште од освојувањето на курдскиот регион Африн. Анкара ги ангажираше минатата година. Обединетите нации и организациите за човекови права оттогаш ги обвинуваат бунтовниците за повеќе воени злосторства. Припадниците на т.н. полиција „Ахрар ал Шаркиа“ („Слободни мажи од Исток“) особено се озогласени: основани се пред 3 години од поранешните припадници на паравојските поврзани со Ал Каеда. Во секој конфликт постојат паравоени трупи, кои не се подложни на строга воена дисциплина и не се обучени како војници, вели Вимен. „Тие секогаш први ги кршат човековите права. Многу е проблематично тоа што Турција ангажира такви луѓе.“ Меѓутоа, од аспект на внатрешната политика, на Турција тоа и' помага да ја оправда офанзивата бидејќи така не гинат турски војници. Така може подобро да се „продаде“ воениот ангажман на северот на Сирија, објаснува Вимен.

Пауза за Исламска држава

Турските официјални лица во неделата на Твитер тврдеа дека нивните трупи продреле 30 километри во Сирија. Турската новинска агенција Анадолу јави оти турската војска и нејзините сојузници, по тешки борби со Курдите, го зазеле центарот на пограничниот град Тал Абјад.

Невладината организација „Сириска опсерваторија за човекови права“ со седиште во Велика Британија извести дека градот речиси во целост е под турска контрола. Во Рас ал Аин се' уште се водат тешки борби.

Токму тој хаос на ИД и' дава простор да одмори. Притисокот на оваа терористичка милиција се намалува: членови од семејството на ИД во неделата ја искористија можноста и побегнаа од притвор во Рас ал Аин.

 

DW.COM

Реклама