Бројот на новозаразени од Ковид-19 во С. Македонија повторно расте | Северна Македонија | DW | 19.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Бројот на новозаразени од Ковид-19 во С. Македонија повторно расте

Дека нема простор за опуштање покажуваат и најновите бројки за бројот на заразени, кои повторно растат

Загрижувачки пораст и на бројот на починати, но и на заболени во С. Македонија регистрираше денеска Министерството за здравство. Дури 19 починати лица се пријавени во денешниот извештај, од кои според надлежните шетмина починале во текот на ноември и декември минатата година. Но, ситуацијата и понатаму е загрижувачка ако се има предвид дека 13 лица починале од опасниот Ковид-19 во последното деноноќие. 
Дека нема простор за опуштање покажуваат и најновите бројки за новозаразени, кои повторно растат. Ако изминативе денови тие се движеа од 51 нов случај во понеделникот, до 373 нови случаи во текот на вчерашниот ден, денеска веќе бројката надмина над 400. Од 2.549 тестови во изминатото деноноќие, регистрирани се 415 нови случаи на Ковид-19, за разлика од изминатиот период кога имаше мала стагнација на ситуацијата. 

-повеќе на темата: Интересот за вакцинирање наближува до 100 илјади граѓани

Во изминатото деноноќие во скопските Ковид-центри се примени 35 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 261. На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјата лежат 636 и има околу 400 празни болнички кревети во Ковид-центрите.   
Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на ковид-19. Вкупно ковид дијагностицирани лица во С. Македонија од почетокот на пандемијата има 98.584 лица, оздравени се 89.022, починаа 3.037, а активни се 6.525 случаи.

Скопје, Кавадарци и Охрид се жаришта

Според статистиката од подледниот период најголем број активни случаи има во Скопје, Кавадарци и Охрид. Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека дури 50 отсто од тестираните примероци на Ковид-19 биле од британскиот сој.
„Се поголем е процентот, на тестираните примероци од јануари па наваму. Најновите бројки покажуваат дека 50 проценти од позитивните тестови припаѓаат на британскиот сој. Затоа сме внимателни со опуштањето, бидејќи на пациентите со овој тип на коронавирус почесто им е потребна хоспитализација, односно полесно се пренесува. Вкупно досега во Македонија се детектирани 30 мутации на коронавирусот“,изјави Филипче во Топ Тема.

-повеќе на темата: Дали е доволна само една доза од вакцините на Фајзер и Модерна?

Дека е зголемен бројот на новозаразени во земјата беше нотирано и во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Само во периодот од 8 до 14 февруари се тестирани вкупно 16.299 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е големување од 13,2 отсто во однос на претходниот период. Притоа детектирани се и поголем број нови варијанти на вирусот, кои претходно не беа присутни во земјата, што може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство. Меѓу заболените најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (2,4 отсто) и од 10 до 19 години (5,2 отсто).

-повеќе на темата: Се бараат казни за оние кои се туркаат за вакцина преку ред

Во земјата пред неколку дена започна имунизацијата против Ковид-19. Министерството за здравство информира дека досега преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ 55.970 лица ја пополниле формата за аплицирање преку искажување на интерес за вакцинација против Ковид-19. Преку матичниот лекар, за вакцинација се пријавиле 29.209 лица. Од оваа вкупна бројка, 38 илјади лица над 70 години се пријавени за вакцинација. До крајот на месецот се очекува да пристигнат вакцини од Србија и од Кина. 
 

Реклама