Бројни загинати по уривањето на мост во Џенова | Свет | DW | 14.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бројни загинати по уривањето на мост во Џенова

Хорор слики: Во Џенова, Италија, се урна мост на автопат со четири ленти. Повеќе од сто метри од автопатот се распаднаа. Сликите укажуваат на најлошото.

Во уривањето на мостот на автопатот А10 во Џенова има „десетици жртви", изјави шефот на спасувачкиот центар на северниот италијански град за медиумите, а соработници на центарот ги потврдија ваквите информации за светските агенции. Италијанските медиуми, повикувајќи се пак на информации од министерството за внатрешни работи, говорат за најмалку 11 загинати лица. Четири сериозно повредени лица веќе со хеликоптери се пренесени во болници.

Претходно, противпожарна служба веќе објави дека автомобили и камионите паднале во понорот кога се распаднал долг дел од вијадуктот Моранди, кој е дел од автопатот А10. Очевидци за италијанските медиуми изјавија дека станувало збор за најмалку 8 до 10 возила и сцената ја опишуваат како апокалиптична. 

Уривањето на мостот над реката Полчевере се случило кратко пред 12 часот на пладне. Причините за колапсот сѐ уште не се познати. Спасувачки екипи итно беа упатени на местото на несреќата и  потрагата по преживеани е во пол ек.

Инаку регионот Лигурија во кој се наоѓа Џенова е погоден од поројни дождови и властите прогласија предупредување од временска непогода.

Вијадуктот Моранди е изграден во 60-те години од минатиот век, а реконструкција на мостот била направена во 2016 година.