Британските сили се повлекоа од центарот на Басра | Вести | DW | 03.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Британските сили се повлекоа од центарот на Басра

*

Британските сили денеска го завршија повлекувањето на своите 500 војници од центарот на ирачкиот град Басра, и се префрлени во базата блиску до аеродромот во градот. Со тоа контролата врз градското подрачје ја преземаат ирачките воени и полициски сили. Министерството за одбрана во Лондон денеска потврди дека има планови за намалување на бројот британски војници во регионот околу Басра кога ирачките сили ќе можат целосно да ја преземат одговорноста во свои раце. Официјален Лондон планира до есен и целосно повлекување на вкупно 5.500-те британски војници од југот на Ирак.