Британија повлекува дел од трупите во Ирак | Свет | DW | 21.02.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Британија повлекува дел од трупите во Ирак

Британскиот премиер Тони Блер и официјално соопшти дека од Ирак ќе бидат повлечени дел од британските војници. Претпладнево во парламентот тој објасни дека повлекувањето не значи и целосно повлекување од теренот. Британските војници ќе останат на теренот и во текот на наредната година

Тони Блер

Тони Блер

Повлекувањето на дел од вкупно 7100 војници кои во моментов се присутни во Ирак ќе започне во текот на наредните неколку недели. Британскиот премиер Тони Блер најави дека во првата фаза ќе се повлечат 1600 војници, а не е исклучено до крајот на годинава да се повлечат и дополнителни 500. Блер инсистира британските сили да останат во состојба на готовност во регионот на градот Басра, каде контролата ќе ја преземат ирачките сили за безбедност.

“ Мораме да бидеме сигурни дека таму ќе останат британски сили кои ќе бидат подготвени да им помогнат на ирачките доколку се појават специфични проблеми“

Тони Блер претходно за планот го информираше и американскиот претседател Џорџ Буш. Портпарол на Белата Куќа соопшти дека Буш го оценил повлекувањето како успех на целокупната стратегија околу Ирак.