Брисел: Потврдена поканата за членство на Македонија во НАТО | Спор за името | DW | 11.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Спор за името

Брисел: Потврдена поканата за членство на Македонија во НАТО

Завршната декларација од самитот на НАТО во Брисел ја потврди најавата дека Македонија ќе добие покана за почеток на преговори за членство. Без промена на името нема НАТО, порача Столтенберг.

Belgien Nato-Gipfel (Reuters/P. Hanna)

Нема влез во НАТО без промена на името, рече Столтенберг во Брисел

Македонија и официјално доби покана да започне преговори за членство во НАТО на самитот во Брисел. Најавата за покана која се содржеше во нацрт-верзијата на завршната декларација на самитот во целост се преслика и во конечната верзија.

„Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме владата во Скопје да започне преговори со Алијансата", се наведува во заклучокот.

Повеќе: НАТО ја покани Македонија да стане 30 членка

Членството на Македонија сега зависи од исходот на имплементацијата на Договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Тоа го апострофира и заклучокот од самитот.

„Целосна имплементација на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес".

НАТО потсетува дека поканата за членство е исполнување на ветувањето од Самитот во Букурешт во 2008 година, кога беше најавено дека тоа ќе биде сторено откако ќе се најде решение во спорот за името.

Повеќе: Шекеринска: Го поправаме пропуштеното во 2008

Уште подиректно на прес-конференцијата по завршувањето на самитот тоа го кажа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Одлуката на референдум ќе ја донесат граѓаните на поранешна југословенска република Македонија. Или ќе го поддржат договорот и ќе се придружат на НАТО или нема да го поддржат и нема да влезат. Нема влез во НАТО без промена на името“, рече Столтенберг.

Proteste vor dem Parlament in Skopje gegen Einigung Mazedoniens mit Griechenland im Namensstreit (Getty Images/AFP/R. Atanasovski)

Граѓаните на референдум ќе одлучат за договорот со Грција, а со тоа и за НАТО, порачано е денеска во Брисел

Поканата ѝ се доделува на поранешната југословенска република Македонија (БЈРМ), но со реализацијата на договорот, во НАТО практично треба да влезе Република Северна Македонија.

„Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе ѝ додели покана на ПЈРМ за влез во Алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ОН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение за спорот за името“, се наведува во декларацијата во која се поздравуваат и реформите во земјата и подобрувањето на билатералните односи со соседите.

 

DW.COM