Брисел нема нова понуда за Меј | Свет | DW | 07.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брисел нема нова понуда за Меј

Изјавата на претседателот на Советот на ЕУ Туск за „место во пеколот“ за поттикнувачите на Брегзит го одредува тонот за посетата на британската премиерка Тереза Меј на Брисел.

Британската премиерка Тереза Меј денеска во Брисел разговара со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за Брегзит, помалку од два месеца од планираното стапување на сила. Меј се ободува да издејствува измени во делот на договорот постигнат со ЕУ кој се однесува на таканаречената безбедносна мрежа (бекстоп), со која се избегнува тврда граница меѓу Ирска и британската покраина Северна Ирска.

 Британските пратеници го отфрлија договорот меѓу Брисел и Лондон, барајќи измени во тој дел од договорот, но Европската унија соопшти дека не може да има нови преговори, бидејќи бил постигнат најдобриот можен договор за двете страни.

Повеќе:

-Невозможната мисија на Меј во Брисел

-Брегзит: Меј инсистира на нови преговори со ЕУ

-Меј може да го прекине апсурдниот театар

Пред премиерката неодамна во Брисел претстојуваше и делегација на британскиот парламент, но по состанокот генералниот секретар на Еврокомисијата Мартин Селмајр ги оцени разговорите како неуверливи. Се стравува дека Велика Британија, која официјално треба да истапи од членството во ЕУ на 29 март годинава, би можела да ја напушти Унијата без договор.

Гледај видео 01:41

Британските граѓани создаваат залихи пред Брегзит

Претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, пак вчера ги критикуваше политичарите кои лобираа за излегување на земјата од ЕУ а претходно не смислиле како тоа треба да се направи.

„Размислував како изгледа посебно место во пеколот за оние кои промовираа Брегзит без и најмал нацрт или план како безбедно да го спроведат“, изјави Туск по состанокот во Брисел со ирскиот премиер Лео Вардакар.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама