Брисел воздржан по одлуката на британскиот суд за Брегзит | Свет | DW | 24.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брисел воздржан по одлуката на британскиот суд за Брегзит

Британската влада мора да добие согласност од парламентот пред почетокот на постапката за излез од ЕУ, одлучи денеска Врховниот суд на Велика Британија. Брисел реагира воздржано.

Единаесетте судии на Врховниот суд денеска ја потврдија одлуката на Високиот суд на правдата за Брегзит. Судијата претседавач, Дејвид Нојбергер, соопшти:

„Денеска, со мнозинство од 8 спрема 3, Врховниот суд донесе одлука дека Владата не може да го активира членот 50 без согласност од страна на Парламентот.“

Гледај видео 00:39

За Брегзит е неопходна согласност на британскиот парламент

 

Подносителката на тужбата против британската влада Џина Милер по одлуката на Врховниот суд оцени дека планираното излегување на Велика Британија од ЕУ е „најконтроверзнто прашање на една генерација“ и „ниту еден премиер и ниту една влада не може да очекува дека нема да биде исправена пред прашања“. Според инвестициската менаџерка Милер, судскиот процес не е „политика“, туку станува збор пред сѐ за правно прашање.

Владата во Лондон стравува дека правото на Парламентот да се изјасни околу ова прашање би можело да го поремети временскиот план за преговори со ЕУ и да го разводни Брегзит. Парламентарците важат како мнозински пријателски настроени кон ЕУ. Сепак, по одлуката на Врховниот суд денеска портпарол на британската влада изјави дека премиерката Тереза Меј „според планираното“ ќе означи почеток на процесот на излегување од ЕУ на крајот на март. „Денешната одлука тука нема ништо да промени“, додаде тој.

Брисел е воздржан, и денеска оттаму само кусо се вели дека не се коментираат интерни правни прашања на земјите членки. „За Европската Комисија е јасно дека ако се сака развод, прво треба да се договори како ќе оди разделбата“, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас, додавајќи: „Уредена разделба, при која двете страни ги исполнуваат своите обврски, е предуслов за идно добро партнерство.“

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама