Германија даде дозвола за брзи тестови за корона за лична употреба | Информации и анализи за Германија | DW | 24.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Германија даде дозвола за брзи тестови за корона за лична употреба

Сега и лаиците во Германија, со помош на брз тест, можат да проверуваат дали се заразиле со коронавирус. Министерот за здравство Јенс Шпан се надева дека брзо ќе бидат издадени дозволи и за други брзи тестови.

Германија дозволи употреба на брзи тестови за корона и од страна на лаици. Издадени се специјални дозволи за три продукти, соопшти Германскиот институт за лекови и медицински производи (БфАрМ). Досега имаше брзи тестови за корона само за обучен медицински персонал.

Повеќе: Проверка на факти: Можат ли брзи тестови за сопствена употреба да ја запрат корона-пандемијата?

Сојузниот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека брзите тестови за лична употреба ќе бидат достапни за купување во наредните денови, меѓу другото и во дисконтите. Шпан смета дека веќе наредната недела ќе следуваат дозволи за брзи тестови за лична употреба и од други производители.

Пред да се даде дозбвола, БфАрМ проверува не само како технички функционира тестот, туку се работи и за прашањето - дали тестот може сигурно да се употребува од страна на лаици. Дел од тоа е и проверката - дали упатството за употреба е разбирливо.

ПовеќеСЗО: Брзи корона-тестови за посиромашните земји

Кај Германскиот институт за лекови и медицински производи до 12 февруари годинава имало речиси 30 барања за специјална дозвола за брзи тестови. Брзите тестови, заедно со вакцините, се сметаат за важен чекор во сузбивањето на пандемијата на коронавирус.

Гледај видео 02:11

Брзи тестови за коронавирус - во ноќен клуб

Реклама