Брегзит ја парализираше Британија | Свет | DW | 08.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брегзит ја парализираше Британија

Британската влада изминативе две и пол години ги помина во еден меур кој ја остави парализирана и неспособна да се справи со домашните проблеми кои не исчезнаа магично во Брегзит вителот.

Земајќи ја предвид владината фиксација на Брегзит речиси е изненадување дека државата не замре. Но, колку долго може една влада да се извлекува? Емили Ендрјус, заменик директор на Институтот за владеење во Лондон, тинк-тенк кој ги истражува клучните предизвици со кои се соочува владата, вели дека недостатокот на прогрес и е, и не е поради Брегзит.

„Сметам дека дојдовме до точка до која многу работи сега се директно поврзани со Брегзит. А по изборите (во 2017) домашната агенда беше навистина заглавена поради фактот дека конзервативците се само малцински партнер во владата и поради тоа што Кабинетот е многу поделен. Тереза Меј немаше авторитет да турка заедничка визија за домашната политика."

Но, како што Брегзит го достигнува врвот, не е само фокусот тој што се менува. „Во врска со јавната администрација имаме поголем проблем во однос на тоа како луѓето да се прераспоредат отколку ако не се постигне договор," вели Ендрјус за ДВ. И овие дупки значат дека многу често важни политички прашања не се соодветно третирани.

Што е со социјалната грижа?

Една од клучните проблематични области е социјалната грижа. И таканеречниот грин пејпр првично требаше да биде објавен есента 2017 година. Оттогаш постојано се одложува. Без оглед на Брегзит нема идеално време за да се справат со ваква клучна работа, вели Ендрјус. „Политички отровно прашање е тоа како да се финансира социјалната грижа на одржлив начин. Особено со оглед на тоа дека има зголемување на трошоците за националните здравствени услуги, а финансирањето на социјалната грижа опадна."

Гледај видео 01:41

Британските граѓани создаваат залихи пред Брегзит

Навистина оваа тема предизвикува проблеми за конзервативците на последните избори на кои опозицијата ги обвини за предложениот „данок на деменција". Манифестот на конзервативната партија во тоа време предложи плановите според кои пензионери треба повеќе да придонесуваат во трошоците за нивна социјална грижа. Постарите ќе треба да плаќаат за социјално ако нивната висина на заштеда и недвижности е повеќе од 114.000 евра. Според предлогот, луѓето ќе треба да ги продаваат своите домови за да платат. Овие планови беа наречени „данок на деменција" бидејќи луѓето со дементност коишто живеат дома би биле приморани да платат, а оние болни од рак во болница не.

Повеќе:

-Брисел нема нова понуда за Меј

-Меј може да го прекине апсурдниот театар

-Брегзит: Проблемот на Меј се конзервативците

Оттогаш има мало придвижување. Тоа делумно може да им се припише на стадандардните политички превривања и фокусот на Брегзит којшто закочи било каков значаен прогрес. „Сега Брегзит речиси е при крај и ние немаме поим кога ќе ја имаме оваа национална дебата за тоа како ќе ја финансираме социјалната грижа, а тоа значи дека веројатно ќе се испумпуваат пари од итни фондови“, вели Ендрјус.

Запоставени јавни услуги

Најтешка задача е направи јавниот сервис да се направи поефикасен и поефтин. Во 2010 година коалициската влада на конзервативците и либерал-демократите презентираше план за намалување на трошоците, рационално трошење на средствата и да се понуди функционален јавен сервис. На одреден период овој пристап на „помалку е повеќе" се исплатеше. „Тие не го постигнаа тоа со поефтинување на услугите. Тие ги смрзнаа платите на јавниот сектор и потоа ги скратија. Исто така го намалија и бројот на вработени и побараа од останатите вработени да работат повеќе", вели Ендрус.

Сега со влијанието на Брегзит, занемарувањето на овие области може лошо да им се врати. „Тоа значи дека јавниот сервис ќе се придвижи напред и луѓето ќе го забележат истото. Луѓето сакаат подобри работни места, подобар пристап до недвижности, подобар пристап до јавните услуги. И луѓето бараат одговори на сите овие прашања."

Нема напредок во „очигледната неправда“

А, долго се бара. Кога Тереза Меј стана премиерка во 2016 година, застана пред Даунинг Стрит 10 и вети дека ќе се бори против „очигледната неправда“. Но, тоа што го покажа до сега не соодветствува на нејзиниот холистички пристап. Кратењата во здравството многу го отежнаа пристапот до услугите за зависници, а уште повеќе се кратеше и во делот на здравствени услуги за менталното здравје. Бројот на бездомници е зголемен. Друго големо разочарување е недостигот од опиплив напредок за едно од нејзините клучни предизборни ветувања.  „Таа вети дека ќе донесе нов закон за поддршка на жртви и преживеани од домашно насилство. Сега има нацрт, но воопшто не е влезен во процедура во Парламентот. Има и други нацрти што чекаат во фиока, некои и по 2 години”, вели Ендрјус. Инертност комбинирана со недостиг на транспарентност се покажаа како главна пречка за владата и земјата. Да се стави било што друго на дневен ред освен Брегзит изгледа невозможно. "И така ќе биде тешко да се помине било кој друг закон. Реално и не знаеме што правеле административците кои добиле насока да се подготвуваат за no deal. Не знаеме кои програми биле прекинати или замрзнати.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама