Брегзит: Тереза Меј пред судбоносна недела | Свет | DW | 19.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брегзит: Тереза Меј пред судбоносна недела

Тереза Меј планира веќе неделава да појде во Брисел за да преговара со ЕУ околу економските релации по Брегзит. Нејзините противници во владејачката Конзервативна партија и натаму се завојувани со неа.

„Промена во раководството нема да ги олесни преговорите и не менува ништо во парламентарната аритметика", изјави Меј во интервју за Скајњус изминатата недела. На хардлајнерите во нејзината партија можела и едноставно да им каже дека може да прават што сакаат, но тие ќе си ги сносат последиците. Истовремено премиерката најави дека сака неделава да отпатува во Брисел за да разговара со Жан-Клод Јункер за натамошниот тек на процесот.

Договорот е договор, но…

Меј ги спомена преговорите со ЕУ кои продолжуваат и натаму, но таа ја користи формулацијата за да им удоволи и на нејзините противници во кабинетот. Една група критичари бара таа и натаму да продолжи да бара отстапки од Брисел. На Меј и е јасно дека тоа е невозможно, бидејќи и француската влада, и Ангела Меркел во Берлин појаснија оти договорот веќе нема да биде предмет на преговори.

Тоа што Меј го бара се неколку бомбончиња кои во последните часови пред самитот ќе може да се спакуваат во т.н. „политичка изјава". Во неа се скицира како ЕУ си ги замислува релациите меѓу двете страни по Брегзитот. Се работи за документ од 7 страни во кој таксативно се наведени само темите за идните преговори. Идните трговски релации треба да се развиваат на базата на царинска унија која како обезбедување е предвидена за Северна Ирска. Тука Меј би можела да се обиде да добие нешто поконкретни изјави од ЕУ, за со нејзина помош да може дома подобро да го пласира пакетот. Една од забелешките за договорот се дека Велика Британија го извлека покусиот дел што се однесува до идните релации. Тоа нема да се смени, иако викендов преговарачите на ЕУ документот политички го филуваат за да изгледа посуштински до почетокот на самитот. Тоа треба да биде завршено до вторник, така што Меј потоа ќе може да се сретне со Јункер.

Повеќе на темата:

-Хаотични денови во Лондон

-Што стои во предлог-договорот за Брегзит?

-Брегзит: Буричкање во магла или бел чад?

Сепак, тоа не менува ништо во  фактот дека политичката изјава правно е необврзувачка. Владите на ЕУ би можеле подоцна да го сменат својот став. До сега главна тема беше раздвојувањето, а вистинските преговори за иднината не се ниту започнати. Тие ќе се водат дури по Брегзит и веројатно ќе траат со години.

Фронтот дома се зацврстува

По изминатите хаотични деновиво Вестминстер,по оставките и заканите и непријателскиот дочек на договорот за Брегзит во парламентот, домашниот фронт против Тереза Меј е речиси формиран.

Скриени барања

Во рамки на нејзиниот кабинет има група незадоволни на чело со министерот за екологија Мајкл Гов, шефицата на Ториевците Андреа Лидсом, министерот за трговија Лајам Фокс, како и двајца други членови. Тие сакаат Меј во Брисел да издејствува подобрување на условите. Тие во фокусот имаат пред се можен неуспех во парламентот, кој би можел да значи и дека нема да има договор. Дали со неколку топли зборови ќе успее да ја смири оваа група е под знак прашалник. Тука има и скриени барања за оставка на Меј.

Барање за импичмент на Меј

Тука се хардлајнерите меѓу кои и Џејкоб Рис Мог и  поранешниот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис. Тие од минатиот четврток ги собираат 48те писма за да покренат внатрепартиско гласање недоверба на Меј. Писмата се адресирани до Греам Брејди, претседателот на Комитетот 1922 кој традиционално организира такви активности.

Во неделата во интервју Брејди навести дека се уште не ја постигнале потребната бројка, а штом тоа се случи „веднаш би ја проширил информацијата". Преку 20 пратеници веќе се изјаснија дека ќе ја поддржат иницијативата, но дали и кога ќе се достигне бројката не се знае. "Дури ни мојата жена не моќе да ви го каже тоа", се пошегува Брејди кој во моментов веројатно е најнабљудуваниот човек во Вестминстер.

Birmingham Boris Johnson Rede auf Parteitag Konservative Partei (Imago/i Images/A. Parsons)

Борис Џонсон

Кандидатска листа: Во моментов имапет шест кандидати, кои сакаат да ја наследат Тереза Меј. Пред сѐ Борис Џонсон, кој наводно во наредните шест дена ќе се обиде да добие предност. Навистина неговиот политичка тежина во последните месеци силно е намалена, но Борис не се откажува така лесно. Конечно тој во 2016 година по референдумот беше на дофат на власта.

Потоа тука е поранешниот брегзит министер Доминик Раб кој со жестока критика против договорот за Брегзит сака да се претстави како кандидат на хардлајнерите. Неговиот кредибилитет е сепак нарушен. Тој седеше на преговарачката маса во Брисел каде што морал уште тогаш да го вклучи алармот, ако сметал дека резултатот е толку лош. Како претставници на поумереното крило се препорачуваат министрите за внатрешни работи Саид Џавид и за надворешни Џереми Хант. Амбер Руд кој се смета за човек од доверба на Меј, и кој тукушто се врати во кабинетот може да се смета за про-европски умерен кандидат за помирување.

Неизвесна иднина

Тешко дека Тереза Меј ќе може да постигне одредени отстапки во Брисел. Ако гласањето за доверба внатре во партијата навистина се случи, тогаш хардлајнерите ќе мора да нападнат на почетокот на неделата. Се претпоставува дека Меј ќе го преживее претстојното гласање, но нејзните противници се надеваат дека нејзината позиција ќе биде многу ослабена.

Одлучувачката пречка е парламентот, каде во моментов го нема потребното мнозинство за договорот. Првиот човек на лабуристите Џереми Корбин во неделата повторно објави дека неговата партија ќе гласа против. Истото важи и за шкотската СНП, за дел од либералите и според досегашните најави и за северноирската ДУП. Ако на ова се додадат и неколку десетици Брегзит хардлајнери, се чини дека ситуацијата е безнадежна и тешко дека договорот може да помине во парламентот.

DW.COM

Реклама