Брегзит: Најголемата можна катастрофа | Свет | DW | 16.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брегзит: Најголемата можна катастрофа

Тереза Мај го заслужи поразот во парламентот и самата е виновна за тоа. Брегзит, во меѓувреме, разви огромна деструктивна моќ. Без оглед на тоа како ќе заврши британската драма, штетите остануваат, смета Барбара Везел.

Тереза Меј убедливо загуби на гласањето во британскиот парламент за излезниот договор со ЕУ. По овој историски пораз, британската премиерка всушност мораше да поднесе оставка, но Меј таа можност веднаш ја отфрли: таа ја преземала функцијата за  да го спроведе Брегзит и ќе ја исполни задачата, баста! И, уште порача, дека ќе го преживее и гласањето на недоверба од страна на опозицијата. Бидејќи нејзините сопствени редови повторно се збиваат, веднаш штом ќе стане збор за зачувување на власта на конзервативците. За британската политика, упорноста на Меј, која одамна се граничи со тврдоглавост, меѓутоа е фатална.

Заслужен пораз

Меј го зааслужи овој пораз во парламентот, бидејќи самата е виновна за тоа. Фактот дека нејзината влада, парламентот и целата британска политика се толку многу поделени поради Брегзит, исто така се должи и на нејзината специфична политичка неспособност. Шефицата на владата од самиот почеток пред очи ги имаше само нејзините конзервативци, им се обраќаше на тврдокорните во сопствените редови, обидувајќи се да ја одржи партијата обединета по секоја цена. Таа не успеа да изгради сојузи, да допре до опозицијата и да направи компромиси.

Повеќе:

-Судбински час за Британија

-Тврд Брегзит - страшило за бизнисот

Нејзината непријателска реторика против вработените во ЕУ и против самата Европа само ги продлабочи разликите меѓу таборите. И со тоа Меј не стекна пријатели кај европските колеги, чија поддршка ѝ е потребна при излегувањето на Британија од Унијата ѝ потоа. На Тереза Меј како државничка ѝ недостасува стас. Тоа не делува со одговорност за иднината и за доброто на Британија. Како политичар, таа е премногу мала и ограничена, премногу крута и без фантазија за тешките времиња кои се надвиснати поради Брегзит.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*

Барбара Везел, авторка на коментарот

На Британците би можело да им се посака да добијат нов премиер, но лидерот на опозицијата Џереми Корбин дури ни во сопствените редови не го сметаат за погоден. И досега не е на повидок никој кој би ја презел улогата. Се чини дека здравиот разум, способноста за компромис и историскиот увид за меѓународната улога и можностите на земјата преку ноќ исчезнаа од британската политика.

Ова е само почеток на крајот

Вистинскиот кошмар, меѓутоа, е тоа што хаосот околу Брегзит ни од далеку не е завршен. Политичките институции покажаа дека не се дораснати на предизвиците. Владата е поделена и потфрла. А парламентот, досега, можеше да одлучи само против постојните предлози, но не за излез од кризата.

Меѓутоа, во Долниот дом лежи единствената шанса да се избегне Брегзит-хорор. Пратениците мора да бараат мнозинство независно од партиската припадност. Тоа би можело да биде за помек Брексит,  односно останување на внатрешниот пазар на ЕУ. Или за втор референдум, ако раководството на Лабуристите конечно се откаже од своите социјалистички илузии.

Ниту едно од овие решенија не е лесно да се постигне и не гарантира добар крај. Кавгите и таборското размислување ќе продолжат, непријателството и горчината ќе ја трујат британската политика и во годините што доаѓаат. Но, ова ја покажува природата на Брегзит: Тој  има незамислива деструктивна моќ и не ја растура ЕУ, како што се очекуваше, туку создава раскол во Британија. Брегзит е најголемата катастрофа за земјата, која може да се претпостави.

DW.COM

Реклама