Брегзит: Меј останува на функцијата, но останува и притисокот | Свет | DW | 17.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брегзит: Меј останува на функцијата, но останува и притисокот

Загубено гласање за Брегзит, „преживеано“ гласање за доверба: Тереза Меј веќе ппомина низ многу искушенија. Но британската премиерка не се предава...Следниот рок во патешествието Брегзит е во понеделник.

Британскиот парламент синоќа ѝ изгласа доверба на владата на премиерката Тереза Меј. За доверба гласаа 325, а за смена на владата гласаа 306 пратеници, со што беа избегнати вонредни парламентарни избори. Иако го „преживеа“ гласањето за доверба, Меј и натаму се соочува со големи притисоци поради Брегзит.

Во обраќањето по гласањето, Меј вети дека веднаш ќе започне разговори со лидерите на опозициските партии и со другите пратеници „ во конструктивен дух“, за да пронајде вистинско решение за продолжување на процесот на Брегзит.

Премиерката завчера доживеа тежок пораз во парламентот, откако пратениците со убедливо мнозинство го отфрлија договорот за излегување на Велика Британија од Европската унија кој таа го постигна со Брисел.

Повеќе:

-Брегзит: Тереза Меј ќе мора да понуди алтернатива

-Брегзит: Најголемата можна катастрофа

Веднаш по отфрлањето на договорот со мнозинство од 230 гласови, лидерот на опозициската Лабуристичка партија покрена иницијатива за гласање доверба на владата, истакнувајќи дека е време парламентот да донесе пресуда за „јасната неспособност на владата“.

Меј остана на чело на владиниот кабинет, благодарејќи на гласовите на пратениците од нејзината Конзервативна партија и од северноирската Демократска унионистичка партија, која ја поддржува нејзината малцинска влада. Многу конзервативци кои завчера гласаа против договорот за Брегзит синоќа ја поддржаа премиерката за да избегнат предвремени избори и евентуално доаѓање на власт на лабуристите.

Доколку на британската влада вчера ѝ беше изгласана недоверба, во Велика Британија речиси извесно ќе беа одржани избори во рок од неколку недели, непосредно пред планираното излегување од ЕУ на 29 март.

Премиерката Меј сега има рок до понеделник да излезе со нов план за Брегзит, бидејќи парламентот го отфрли веќе постигнатиот договор со ЕУ.

Во Германија и во останатиот дел од ЕУ со внимание се следи драмата Брегзит во Обединетото Кралство. Многу Германци и Европејци и покрај сѐ си посакуваат „убава разделба“ од саканите Британци...

DW.COM

Реклама