Брегзит: Буричкање во магла или бел чад? | Свет | DW | 14.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брегзит: Буричкање во магла или бел чад?

Едни прогласуваат согласност, други се подготвуваат за излегување на Велика Британија од ЕУ без договор. Лондон и Брисел се неединствени и натаму, но има знаци дека договор ќе се постигне.

По долги и жилави преговори, се чини дека Европската унија и Велика Британија сепак ќе најдат решение. Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј вчеравечер соопшти дека двете страни постигнале согласност за предлог договор за британското излегување од ЕУ.

Шефот на пратеничката група на Европската народна партија, Манфред Вебер, го потврди пробивот во преговорите за Брегзит.

Kongress der EVP in Helsinki Manfred Weber (Getty Images/AFP/M. Ulander)

Манфред Вебер го потврди пробивот во преговорите за Брегзит

„Да, се крева бел чад. Имаме позитивни сигнали дека по недели и месеци мачни дебати, конечно доаѓа до согласност“, изјави Вебер за телевизијата АРД.

Брисел не потврдува

Потврда од страна на ЕУ засега нема. „Преговорите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство за договор за излегување се сѐ уште во тек и не се завршени“, соопшти портпарол на ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковни. Сепак, за денеска е закажана вонредна седница на амбасадорите на 27-те членки на ЕУ. Од дипломатски кругови се вели дека на средбата ќе се разговара за предлог текстот.

Ирската телевизија РТЕ, повикувајќи се на владини кругови, јави дека е постигната согласност со која се избегнува враќање на цврста граница помеѓу Ирска и британската провинција Северна Ирска. Прашањето на границата беше едно од главните точки на сопнување во преговорите за Брегзит.

Договорот на преговарачите треба да биде одобрен и во Лондон и во Брисел. Британската влада денеска во 15 часот по средноевропско време ќе заседава околу предлог-договорот и ќе донесе одлука за идните чекори, соопшти Даунинг стрит. Премиерката Меј уште вчеравечер разговараше одделно со министрите и бараше нивна поддршка.

Повеќе: Самит за Брегзит: пропуштена шанса

Преговорите со Велика Британија за излегување на земјата од ЕУ во март 2019 година во текот на изминатите месеци се заглавија. Договорот мора да биде постигнат најдоцна до декември, за парламентите на двете страни да можат да го ратификуваат навреме, односно пред датумот за Брегзит.

DW.COM

Реклама