Брегзит без договор нема да биде „крај на светот“ | Свет | DW | 28.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Брегзит без договор нема да биде „крај на светот“

Доколку не се постигне договор за односите меѓу Велика Британија и ЕУ по Брегзит, тоа нема да биде „прошетка во парк“, но ни „крај на светот“, порача шефицата на владата во Лондон.

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека „нема да биде крај на светот“ доколку Лондон и Европската унија не постигнат договор за условите за излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Министерот за финансии на Велика Британија, Филип Хемонд минатата недела истакна дека британските финансии би претрпеле штета доколку земјата истапи од ЕУ без постигнат договор со Брисел. Тереза Меј за време на патувањето во Јужноафриканската Република истакна дека прогнозите на кои укажува Хемонд се застарени.

Повеќе:

-Страв и ужасеност од тврд Брегзит

-Дали тврдокорна Брегзит-група раководи со Велика Британија?

-Тони Блер бара втор референдум за Брегзит

На тие бројки сѐ уште се работеше во  тоа време, истакна Меј и го повтори коментарот на претседателот на Светската трговска организација дека излегувањето на Обединетото кралство од ЕУ без договор „не би било прошетка во парк, но ни крај на светот“.

Британската премиерка се надева дека со Брисел ќе биде постигнат договор поволен за бизнисот и за трговијата. Во редовите на нејзината партија постои струја која се залага за раскинување на сите врски со ЕУ, односно за таканаречен тврд Брегзит, како и онаа на која ѝ припаѓа министерот Хемонд, која сака да бидат задржани блиски врски со Унијата. Меј уште еднаш повтори дека за Велика Британија е подобро да излезе од ЕУ без договор, отколку со лош договор.

DW.COM

Реклама