Брборкото Трамп? | Свет | DW | 16.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брборкото Трамп?

Дали претседателот на САД, Трамп оддал премногу? Ако се покаже дека тој навистина поткажал тајни информации, тогаш довербата во него ќе биде уште повеќе разнишана- и на меѓународно ниво, смета Миодраг Шориќ.

Сѐ уште не се сите факти на маса. Прерано е за да може со сигурност да се каже: Доналд Трамп токму на претставници на руската влада (рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кисљак) им оддал доверливи информации. Па сепак целата дискусија околу тоа, значително му наштетува на американскиот претседател.  Тој не може да се ослободи од сомнението дека скришно соработува со Кремљ, најнапред во предизборната кампања а сега во Белата куќа.

Една последица ќе биде: на Трамп ќе му биде уште потешко да најде наследник на неодамна отпуштениот директор на ФБИ, Џејмс Коми, бидејќи пријателите и противниците во Конгресот сега гледаат со уште поголема недоверба кон овој претседател. А Сенатот мора да го потврди изборот на новиот шеф на ФБИ, кој Трамп допрва треба да го назначи.

Недовербата во Трамп станува поголема

Друга последица би можела да биде: сојузниците на САД да се воздржуваат од предавање на разузнувачки информации на Вашингтон. Кој знае, што сѐ овој претседател би можел уште да поткаже низ муабет? Откривањето на разузнувачки сознанија би можело значително да ја загрози безбедноста на САД. А поттикнува и недоверба кај сојузниците.

Soric Miodrag Kommentarbild App

Миодраг Шориќ, автор на коментарот

Со оглед на ваквите последици, советниците на Трамп и администрацијата итаат да ги отфрлат сите обвинувања. Досега без успех. Сѐ повеќе Американци веруваат дека овој претседател би можел да стори речиси сѐ: овој 70-годишник, кој се однесува како дете, овој човек, кој едвам се контролира, и чии суета и желба за допаѓање секогаш одново се покажуваат како фатални.

Сѐ поголем безбедносен ризик

Дури и ако нема вистина во сомневањата, последните дискусии јасно укажуваат на тоа дека Американците и сојузниците веруваат дека овој претседател е во состојба да го стори тоа. Да му поткаже доверливи информации на непријателот, за да се фали, за да се направи важен за да предизвика внимание.

Грешките на Трамп кај пратениците во Конгресот будат најлоши стравувања. Демократите овој претседател го сметаат за безбедносен ризик. Републиканците притивречат сѐ потивко, но и се прашуваат: Што да се прави? Соотповикување да се отстрани од функцијата, тоа може долго да трае. Во овој момент, исходот би бил целосно неизвесен, така што Републиканците се во состојба на вкочането исчекување, и за почеток не прават ништо. До наредниот скандал. Кај овој претседател имено не мора да се чека уште долго.

 

DW.COM

Реклама