Браќа во злосторство | Свет | DW | 01.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Браќа во злосторство

Според последната пресуда во Хаг, Туѓман е глава на здружен злосторнички потфат во БиХ, додека Милошевиќ е наводно амнестиран. Но, кога е во прашање етничко чистење и распарчување на БиХ, двајцата е тешко да се раздвојат

Пресудата на шестмината лидери на Херцег-Босна во Хаг е искористена за на насловните страници на српскиот печат да се истакне дека Хашкиот суд утврдил дека Фрањо Туѓман е злосторник, а дека Хрватска е означена како агресор во БиХ. Рано е да се говори за далекусежните правни и политички импликации на оваа пресуда, но на српската јавност и медиуми не им остана незабележано дека лидерите на Херцег-Босна, заедно со политичкиот и воен врв на Хрватска, се прогласени за виновни за здружен злосторнички потфат.
Доколку кон тоа се додаде дека веќе потенцирано оти во пресудата за Ратко Младиќ се наоѓа фуснота која наводно го амнестира Слободан Милошевиќ за злосторствата во БиХ, сликата на притаеното ликување е комплетна. „Доказите кои ги доби судскиот совет не покажаа дека Слободан Милошевиќ, Јовица Станишиќ, Франко Симатовиќ, Жељко Ражнатовиќ или Воислав Шешељ учествувале во реализација на заедничка злосторничка цел“, се наведува во спомената фусноста од пресудата за Младиќ. А Хрватска, според пресудата за шестмината, учествувала во такво нешто.
Комплетното толкување на овие пресуди, на тој начин, се сведе на поедноставени заклучоци дека Србија повеќе не може да се гледа како агресор во БиХ, дури и дека Милошевиќ е ослободен од било каква вина за тамошните случувања. 

Повеќе на темата: 

Хаг: Србија и Хрватска не се виновни за геноцид

Крај на најдолгото судење во Хаг

Ратко Младиќ: чудовиште во излогот


Историчарката Дубравка Стојановиќ за ДВ потсетува дека „водството на босанските Срби е обвинето за најтешко злосторство- геноцид, и дека нема простор за никаква радост“. Таа потсетува дека и пред Меѓународниот суд на правдата отпадна одговорноста на Србија за војната во БиХ, но дека остана одговорноста за нечинење во случајот на геноцидот во Сребреница.
„Можеби повеќе не можеме да зборуваме за тоа како досега, но секако дека и натаму останува сериозната вмешаност на Србија во војната во БиХ. Во крајна линија, тоа е пресудено во некои други пресуди пред Хашкиот трибунал“, вели уредникот на неделникот Време, Филип Шварм.

Vukovar Kroatien Büste von Franjo Tudjman (DW/S.Bogdanic)

„Вонредна состојба“ во Хрватска поради пресудата за „таткото на државата“.

Врската на Милошевиќ и Туѓман

Иако врската Милошевиќ-Туѓман делуваше нераскинливо, таа со последните пресуди на Хашкиот суд е сериозно доведена во прашање. Можат ли акциите на Милошевиќ и Туѓман некако да се раздвојат во тој контекст?
„Доколку се присетиме на 90-те години и како тоа изгледаше на терен, делуваше дека тие акции се синхронизирани, особено на територијата на БиХ, и дека Босна е навистина делена плански во етнички чисти целини“, вели Стојановиќ.
Во која мерка, значи, Милошевиќ и Туѓман се браќа во злосторство? Ќе биде сѐ потешко тоа да се докаже, но Филип Шварм потсетува дека е „историски факт дека уште од првата нивна средба во Караѓорѓево, која беше важна и клучна за избивањето на непријателствата во поранешна Југославија, тие практично минаа четири години делејќи ја Босна и прекројувајќи ги границите на екс Југославија“.
Шварма вели дека пресудите во Хаг се гледаат навивачки и дека тоа продолжува и по последните пресуди. „Се навива само за 'нашите', а воопшто не се размислува зошто тие луѓе одговараат пред Хашкиот трибунал“.
Секоја пресуда се користи за да се продлабочат судирите меѓу поранешните југословенски републики, но „јас лично би сакала ова да биде шанса за сите, пред се Хрватска, да се соочат сами со себе“, вели Дубравка Стојановиќ. „Бидејќи, Хрватска себеси се ставаше во улога на жртва и победник и ова сега за неа е голем шок. Сега е момент и Хрватска да се соочи со својата одговорност, како што тоа отсекогаш сум го мислела и за Србија. А на Србија ова исто така треба да и биде опомена дополнително да размисли за себе, и да не ја гради својата среќа на тоа дека Хрватска е обвинета и осудена“.

 

DW.COM

Реклама