Браун-нов станар во Даунинг стрит 10 | Свет | DW | 27.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Браун-нов станар во Даунинг стрит 10

Ерата на Тони Блер како британски премиер заврши. Штабот сега го презема Гордон Браун,екс министерот за финансии,кој во неделата беше избран за претседател на Лабуристите. Кој е Гордон Браун?

default

Браун и Блер

Гордон Браун направи име како господин економско чудо.Околку десет години тој е во јавноста како министер за финансии.А за многумина Британци 56 годишниот Браун сеуште е загатака.Неговите политички погледи најрадо ги задржува за себе,исто како и кралицата,кратко дофрлуваат сатиричарите.Само што молчењето кај кралицата спаѓа во службена должност.Политиката за Гордон нема ништо со култот на звездите,вели тој самиот,очигледно алудирајќи на Тони Блер,кој своето простување го исценира како некој стар рок стар.

Работа и одговорност-главни девизи

Гордон е човек кој се контролира,кој се крие зад детали и ништо не може да делегира:

„Мојата девиза гласи:напорна работа,преземање одговорност и секогаш фер однос кон колегите.Тоа значи и давање поддршка во тешки ситуации како министер за финансии,но и како премиер. Но,јавноста помалку се интересира за суштински работи,а повеќе за внатрешноратиски судири.“

Браун не е човек кој многу зборува,туку кој делува,се вели често во британскиот печат.Јавноста е во очекување.Политикологот Антони Гиденс вели:

„Гласачите се скептични како ќе настапи Браун како премиер,и за него самиот ова е целосна промена.Сега не може да се крие зад бројките,постојано ќе биде во јавноста,а сега нема повеќе никаков Тони Блер кој заштитнички ќе ја става својата рака на него.“

Енигма со многу непознати

И кај Лабуристите владее претежно реализам, а не одушевување.

Задачата на Браун се состои пред се во тоа да ги одржи заедно Социјалдемократите.Лево свртување на партијата се чини малку веројатно.Синот на свештеник,Браун никогаш не бил традиционален левичар.Но за одредени теми,не се знае неговото мислење.Така за екологијата,освен дека се залага за запирање на промената на климата,ретко некој знае повеќе.И во надворешната политика имамногу отворени прашања,смета политокологот Гиденс:

„Не знаеме како ќе се развиваат односите со САД.Што ќе се случи со британските војници во Ирак?Знаеме само дека Браун е трансатлантичар,беше почесто во Америка отколку Тони Блер.“

Со Европа може малку да почне.Но, новиот премиер го мачат две грижи:прво сомнежот во неговата личност.Досега не ги импресионира медиумите како дистанциран политичар кој се чини има малку хумор.И неговата наместена,ретка насмевка делува неверодостојно.

Што го мачи премиерот

Вториот страв на наследникот на Тони Блер е оној од силна опозиција.Откако динамичниот,говорлив Дејвид Кемерон стои начело на Конзервативците,тие стануваат се поуспешни,тоа го покажуваат и анкетите.Кемерон нго нарече Браун модел кому му поминала модата,политичар на 80-те години,кој прави нови реформи.Но,вредниот и принципиелен Социјалдемократ има шанса,особено кај оние кои по годините на Блер сакаат нешто посуштинско.Можеби Гордон Браун нема да биде најсимпатичниот премиер во Велика Британија,но затоа пак ќе биде подоверлив.