Браун го соопшти составот на кабинетот
28 јуни 2007Реклама
Еден ден по преземањето на функцијата новиот британски премиер Гондон Браун денеска го претстави својот нов кабинет. Повеќе досегашни министри излегуваат од владата , меѓу нив и шефицата на дипломатијата Маргарет Бекет. Нејзин наследник ќе биде досегашниот министер за животна средина Дејвид Милибанд, кој важи за противник на ирачката војна . Во средиштето на неговата политика , Гордон Браун најави дека ќе бидат темите, здравство, образование и борбата против детската сиромаштија. Кралицата елизабета Втора вчера му го додели мандатот на Браун за формирање влада , кратко по официјалната оставка на досегашниот премиер Тони Блер.