Бран на крваво насилство во Авганистан | Свет | DW | 24.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бран на крваво насилство во Авганистан

Во борби и во напади во Авганистан на почетокот на викендов загинаа голем број луѓе. Погодени беа Кабул како и провинциите Фарах и Хелманд. Одговорноста за насилството ја презедоа Талибанците и Исламска држава.

Повеќе од 20 лица загинаа во неколку одделни напади во Авганистан на почетокот до викендов. Талибанските милитанти нападнаа база на авганистанската војска и убија 18 војници, додека бомбаш-самоубиец во главниот град Кабул уби едно и рани 6 лица, соопшти денеска авганистанското министерството за одбрана.

Воената база во западната покраина Фарах е нападната ноќеска, изјави Давлат Вазири, портпарол на Министерството за одбрана. „Голем број талибанци ја нападнаа војната база и ние загубивме 18 војници, додека двајца се ранети“, изјави Вазири, не откривајќи детали за нападот. Талибанците ја презедоа одговорноста за овој напад, велејќи дека двајца нивни борци се убиени.

Повеќе:

-Нов смртоносен напад во Кабул

-Многу загинати во бомбашки напад во Кабул

-ИД ја презема одговорноста за крвавиот напад во Кабул

Во друг инцидент, бомбаш-самоубиец се саморазнесе на улица во населбата Шах Дарак во близина на седиштето на меѓународната воена мисија во Авганистан под водство на НАТО и на амбасадата на САД.

Одговорност за овој напад презеде терористичката милиција. Исламска држава во порака на својот интернет портал. Официјалните лица стравуваат оти билансот на настрадани во Кабул би можел да биде поголем.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид

Денеска се случија уште два самоубиствени напади и во покраината Хелманд. Во првиот напад е убиен еден цивил, а 8 се ранети. Во другиот инцидент се убиени двајца војници, а еден е ранет, изјави Омар Звак, портпарол на покраинскиот гувернер.

 

DW.COM

Реклама