Брановите на Волстрит до Азија | Економија | DW | 09.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Брановите на Волстрит до Азија

На крајот на неделата како на почетокот: берзите трпат загуби, откако вредноста на акциите на Волстрит одново доживеа значителен пад. Берзите во Азија ја завршија неделата со длабок минус, во Европа пак е порелаксирано.

Европските берзи денеска го започнаа тргување со пониска вредност на берзанските индекси откако случувањата на Волстрит вчера предизвикаа пад на акциите на светските пазари.

Вредноста на европските акции опадна иако овој пад на вредноста не беше толку важен како на останатите светски пазари. Британскиот берзански индекс Фтсе 100 денеска опадна за 0,4 нато на 7,14 идексни поени, додека германскиот Дакс остана непроменет на 12,262, а францускиот Цац забележа пад на вредноста од 0,3 насто на 5,136 индексни поени. И во текот на денот ситуацијата на европските берзи останува порелаксирана од онаа на азиските пазари. 

Повеќе на темата:

-Падот на берзите - нема потреба од паника!

-Крах или корекција на берзите?

Таму имаше далеку поголем пад на вредноста на акциите со што беше следен вториот позначителен минус на американската берза во рок од една недела. Индексот Дау Џонс, кој  во претходната недела достигна врвна вредност, неделава доживеа корекција (пад на вредноста од 10 отсто со последниот максимум), за првпат во две години. Шангајскиот Композитен индекс беше понизок за 4,1 процент откако утрото падна за 5,5 проценти.

Токискиот Никеи 25 забележа пад на вредноста од 2,3 насто, а хонгконшкиот Ханг Санг имаше пад од 3,2 проценти.

Финансиските аналитичари ги сметаат корекциите за нормални пазарни случувања, но тврдат дека изненадувачкиот пад на вредноста на акциите може да биде предизвикан од комбинација на вознемирувачки случувања за вложувачите. Меѓу нив  се грижите околу евентуалното зголемување на американската инфлација или на каматните стапки, како и околу тоа дали спорењата околу буџетот во Вашингтон би можеле да доведат до нов прекин на работата на сојузната влада.

DW.COM

Реклама