Бразил привремено се откажа од Спутник V, СЗО сѐ уште не направила ревизија | Свет | DW | 27.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бразил привремено се откажа од Спутник V, СЗО сѐ уште не направила ревизија

Бразилската национална здравствена регулаторна агенција се изјасни против увоз на руската вакцина против коронавирусот Спутник V. Светската здравствена организација пак соопшти дека сѐ уште разговара за вакцината.

Во образложението на својата одлука, бразилската агенција Анвиса соопшти дека ѝ недостасуваат „доследни и сигурни податоци“. Одлуката е донесена едногласно по речиси пет часовниот состанок на бордот на Анвиса.

Техничкиот персонал нагласил дека постојат „инхерентни ризици“ и сериозни недостатоци, наведувајќи го и недостатокот на информации кои гарантираат сигурност, квалитет и ефикасност на вакцината. Меѓутоа, директорот на агенцијата Анвиса, Алекс Мачадо Кампос, нагласи дека одлуката е само „моментална проценка“.

Забележани се недостатоци и во развојот и во продукцијата на векторската вакцина, според соопштението кое се базира на податоците кои досега можеле да бидат анализирани. Тоа ги вклучува трите фази на клиничко испитување. „Дополнително, нема доволно податоци за квалитетот на контролата, безбедноста и ефикасноста“, соопшти агенцијата.

Повеќе:

-Проверка на фактите: Колку е ефикасна Спутник V?

-Спутник V под лупата на ЕМА

-Дебатата за Спутник доаѓа во невреме

Досега, 14 сојузни држави во најголемата земја во Латинска Америка побараа дозвола за увоз на Спутник V во екот на драматичната ситуација со ширењето на коронавирусот.

Бразил, со околу 210 милиони население, е едно од жариштата на пандемијата со Ковид-19. Според министерството за здравство, над 14 милиони луѓе се заразиле, а околу 390.000 починале поради последици од заразата со коронавирусот.

Светската здравствена организација пак соопшти денеска дека сѐ уште разговара за руската вакцина  и оти сѐ уште не одредила датум за проценка на клиничките податоци за евентуално ставање на списокот за можни вакцини во итни случаи.

„Сѐ уште чекаме на Спутник, сѐ уште сме во фазата напред-назад. Така што немаме закажан состанок за ревизија (на вакцината)“, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Херис, на брифингот во Женева.

Гледај видео 01:16

Ковид-19 во Бразил: Плажите полни, болниците преполни

На почетокот на март, Европската агенција за лекови (ЕМА) започна постапка за проверка на Спутник V но сè уште не е поднесено барање за одобрување. Според информациите од Москва, Спутник V е веќе регистриранa во 60 земји. Германија исто така води разговори за можна испорака на вакцината.

Неодамна, Индија издаде дозвола за итна употреба  Спутник V, откако го престигна Бразил во апсолутните бројки на инфекции и со тоа стана втора најпогодена земја од коронавирусот во светот, веднаш зад САД.