Бразилскиот претседател Болсонаро е позитивен на коронавирус | Свет | DW | 07.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Бразилскиот претседател Болсонаро е позитивен на коронавирус

Бразилскиот претседател денеска во телевизиско интервју потврди дека е заразен со Ковид-19. Вели дека состојбата му се подобрила откако веднаш започнал да зема терапија.

Резултатите од тестот на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се очекуваа од синоќа откако тој одлучи да се тестира поради покачена температура.

„Добро сум, нормално. Сакав малку и да прошетам, но не можам поради медицинските препораки“, изјави Болсонаро попладнево. Тој вели дека почнал да ги чувствува првите симптоми во неделата и добил терапија со хидроксихлорокин и азитромицин.

Десничарскиот претседател досега го отфрлаше вирусот како „мал грип“, а притоа постојано ги заобиколуваше препораките да носи маска во јавност, дури и откако судија му нареди да го прави тоа на крајот на јуни. Болсонаро водеше кампања и против правилата за социјално дистанцирање кои ги предлагаше Светската здравствена организација.

Бразил го има вториот најголем број на заразени од коронавирусот во светот, зад САД. Повеќе од 65,000 луѓе досега починаа од коронавирус во најголемата јужноамериканска држава.

Болсонаро се тестираше на коронавирус и во март годинава по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, но тестот тогаш беше негативен.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама