Бразилскиот национален музеј уништен во пожар | Панорама | DW | 03.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Бразилскиот национален музеј уништен во пожар

Голем пожар ја уништи поранешната бразилска кралска палата, во која е сместен Националниот музеј, најстарата научна институција во земјата и најголемиот природонаучен и историски музеј во Латинска Америка.

Според извештаите, нема повредени во големиот пожар кој ја уништи зградата на Националниот музеј на Бразил во Рие де Жанеиро. Тој е најстарата научна институција во земјата и најголемиот природонаучен и историски музеј во Латинска Америка. Колку од 20-те милиони артефакти можеле да бидат спасени, не се знае.

Nationalmuseum Rio de Janeiro (picture-alliance/dpa/G. de Paiva)

Внатрешноста на Националниот музеј во Рио пред пожарот, архива

Пожарот избувнал ноќеска, а причините за него не се знаат. Објектот меѓутоа се наоѓал во лоша состојба, велат познавачите. Поради финансиската криза во Рио де Жанеиро, од 2014. година градот не префрлал средства за одржување на историската зграда. Поради тоа, една третина од изложбените простории во последно време морале да бидат затворени за публиката.

Португалскиот крал Жоао Шести во 1818. година го основал Музејот во центарот на Рио, а подоцна тој бил преселен во Сао-Кристовао палатата, во која од почетокот на 19. век живеело португалското кралско семејство, а подоцна, до прогласувањето на Републиката во 1889. година, и бразилското кралско семејство.

Nationalmuseum Rio de Janeiro (picture-alliance/dpa/V. Almeida)

Илјадници години стар скелет на диносаурус, еден од експонатите во Националниот музек во Рио де Жанеиро, архива

Во Националниот музеј се наоѓаа меѓу другото палеонтолошки, ботанички, етнолошки и геолошки збирки. Тука беа сместени и околу 700 артефакти од стар Египет, од грчка и римска епоха, како и најстариот пронајден скелет во Америка, стар 12.000 години.

DW.COM

Реклама