Борисов во самоизолација | Свет | DW | 23.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Борисов во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов од денeска е во самоизолација, откако бил во контакт со заразен со коронавирус.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов беше тестиран денеска пред средбата во Софија со Кејт Крач, член на американскиот Стејт департмент за економски развој, енергија и развој, објави Ројтерс.

Тој ќе остане дома по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на коронавирус. Борисов, откако беше информиран дека Нанков е заразен со коронавирус, ќе остане дома се’ додека здравствените работници не проценат дека може да го напушти карантинот.

„Ги чекам упатствата на здравствените работници и дотогаш ќе бидам во изолација. Последниот контакт со Нанков го имав во понеделникот“, напиша Борисов на Фејсбук.

Повеќе:

Коронавирус: Вакцинирање во Германија уште пред крајот на 2020?

Европска комисија: Kорона-вакцина нема да има уште со месеци

Во Бугарија вчера беа регистрирани рекордни 1.472 новоинфицирани со коронавирус. Вкупно во земјата досега со коронавирус се инфицираа над 33 илјади луѓе, од кои над илјада починаа. Поради зголемениот број на новоинфицирани, во Бугарија од вчера маски мора да се носат и на отворено доколку лицата не можат да држат неопходна дистанца.

Гледај видео 00:57

„Аквариум“ на глава како корона-заштита

Реклама