1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Борел: ЕУ не се преправа за интеграцијата на Западен Балкан

СН/агенции
24 февруари 2021

Според првиот човек на дипломатијата на ЕУ интеграцијата на Западен Балкан е процес кој се одвива „чекор по чекор“. Земјите од регионот мора да си ја извршат домашната задача, порача Жозеп Борел

https://p.dw.com/p/3pmQq
 Josep Borrell Fontelles
Фотографија: Imago Images

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави дека Европската унија не се преправа оти го сака Западен Балкан во свои рамки, но и дека државите од тој регион „мораат да ја завршат својата домашна задача“ и да извршат реформи.

„Морам да ја отфрлам идејата дека ние (ЕУ) се преправаме дека го сакаме Западен Балкан во свои рамки“, изјави Борел на онлајн конференцијата на 23 февруари во организација на Атланскиот совет.

Како приоритети во реформите во државите од Западен Балан Борел ги истакна независното судство и борбата против корупција. „Државите од Западен Балкан мораат да ја завршат својата домашна задача, мораат да извршат реформи и да исполнат стандарди за да бидат прифатени како членки“, додаде тој.

Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Повеќе:

-До портите на Европа и околу нив

-Блокада на проширувањето на ЕУ: Површната пресметка на Макрон

-Уште една трнлива година за Западниот Балкан и проширувањето

Борел нагласи дека европската перспектива останува мотор за реформите во државите од регионот и оти „не е фер да се каже оти ЕУ само зборува, а не делува“ кога станува збор за проширување на Западен Балкан.

„Вложуваме многу пари за да им помогнеме на државите од Западен Балкан да извршат реформи и да ги унапредат своите економии и политичкиот и правосудниот систем за да се приближат на системот на ЕУ“, наведе Борел.

Според неговите зборови интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е процес кој се одвива „чекор по чекор“.„ Ќе започнеме пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија. Повторно започнавме преговори меѓу Србија и Косово со специјален пратеник (Мирослав Лајчак) и мислам дека го поставивме тој дијалог на пат“, нагласи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.