Борбите во Украина ескалираат, ОН повикува на примирје | Свет | DW | 01.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борбите во Украина ескалираат, ОН повикува на примирје

Советот за безбедност на ОН повика на итно враќање на примирјето во Украина каде во последните три дена во жестоки борби загинаа најмалку 13 луѓе, а илјадници луѓе се без струја

Во Њујорк беше усвоена изјавата поднесена од Киев во која членовите на Советот за безбедност изразуваат „голема загриженост за опасното влошување на состојбата во источна Украина и нејзиното негативно влијание врз локалното цивилно население“. Русија не се спротивстави на резолуцијата.
Украинските сили и проруските бунтовници веќе три дена водат жестока битка околу градот Авдивка. Индустрискиот центар стана цел на неочекуван напад на бунтовниците кои се обидуваат да ја преземат контролата врз градот од украинските сили. На двете страни има најмалку 13 загинати, во најголемиот бран насилство откако беше потпишано ново примирје на 23 декември минатата година.

Украинскиот претседател Петро Порошенко ја откажа посетата на Берлин во понеделникот и ги свика Советот за националната безбедност и за одбрана. Порошенко е загрижен дека доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД и неговите врски со Владимир Путин, повторно ќе го распламтат конфликтот кој започна во 2014 година.

Портпаролот на Путин, Дмитри Песков изјави дека Кремљ е „екстремно загрижен“, но според информациите на Москва, за нападите биле виновни одметнички единици на про-украинските сили.

Ukraine Awdijiwka Krise (Getty Images/AFP/A. Filippov)

Се повеќе граѓани на Авдивка се евакуираат од градот

Репортерите на теренот сведочат дека проруските сепаратисти во повеќе наврати стрелале кон градот со ракетни системи и артилерија.

Во градот од 20 илјади жители, нема струја и гас, што им го отежнува животот на граѓаните во поларните зимски температури. Воениот администратор на Авдивка, Фредон Векуа најави дека подготвува евентуална евакуација на жителите на градот кој се наоѓа во близина на неформалниот главен град на сепаратистите, Доњецк.

ЕУ оцени дека борбите во Авдивка се еклатантно прекршување на примирјето и Договорот од Минск.
ОБСЕ соопшти голема загриженост поради борбите, додека американскиот претставник во организацијата, Кејт Бирнс ги обвини „Русија и сепаратистите за новото насилство“.

Конфликтот во Украина, од 2014. година досега, однесе повеќе од 10 илјади жртви- повеќето цивили- и речиси ги замрзна односите на Русија со западниот свет.

 

DW.COM

Реклама