Борба за (пре)власт во СДСМ: „духот“ на Црвенковски бдее над партијата? | Северна Македонија | DW | 04.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Борба за (пре)власт во СДСМ: „духот“ на Црвенковски бдее над партијата?

Потребно е внатрешно единство на партијата, во која што очигледно има различни крила и превирања. Разврска мора да има што поскоро, вели Тито Петковски.

Најавата за заминување на Зоран Заев од премиерската и од лидерската функција во СДСМ ги отвори ширум вратите за нови комбинаторики и во владата, но и во партиските редови и ги оживеа амбициите кај дел од партиските структури кои изминатиов период беа во сенка. Тивкото заминување на Заев го наметна и прашањето во кој правец ќе се движи и владејачката партија, но и државата во наредниот период. 

„Разврска мора да има што поскоро“, вели Тито Петковски, политичар со долгогодишен стаж, кој по последниот пораз на социјалдемократите на локалните избори во земјата, деновиве ги сумира резултатите, но и ги анализира причините за лошите изборни резултати на владината коалиција. Тој очекува за неколку дена да има разрешница за премиерката позиција и веќе да се знае името на новиот мандатар. Следниот крупен чекор кој претстои пред социјалдемократите е партискиот конгрес, кој мора да се одржи по изборите и избор на нов партиски лидер на непосредни избори. 

Внатрешни превирања 

„Едно е сигурно дека има внатрешни превирања во СДСМ, различни крила или групи, но и една негативна сила и незадоволство меѓу членовите. Ситуацијата веројатно е резултат на алсолутната моќ на партијата во изминативе неколку години. Се повеќе ми наликува како на ситуацијата кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кога таа имаше апсолутна власт во своите раце“, вели Петковски. 

Но, според него, тоа не е на добро. „Потребна е внатрешна синергија, единство и по секои избори мора да има партиски конгрес“, дециден е Петковски. 

Арогантноста, дрскоста, вработувања на блиски, вработувања на членови на ВМРО-ДПМНЕ, се само дел од „гревовите“ коишто ѝ се ставаат на контото на владејачката партија. Раководството, коментираат познавачите на состојбите во партијата,  се отргнало од членството, а вработувањата, бизнис интересите, немањето волја да се сослушаат потребите на членството, ја прелиле чашата. 

„Човек е господар на својот збор, додека не го изговори. Потоа станува роб“, вели Петковски, според кој, по најавата на Заев дека ќе поднесе оставка, веќе е извесно дека таа ќе се реализира во наредните денови. Партијата на непосредни избори ќе мора да избере нов лидер, но што поскоро да избере и нов мандатар, пред кој што стојат сериозни предизвици - и на економски план, но и одлуката за понатамошниот тек на ЕУ интеграцијата на земјата и односите со Бугарија. 

Амбиции 

Поранешниот премиер Владо Бучковски синоќа оцени дека по заминувањето на Зоран Заев, кој даде оставка на функциите премиер и лидер на СДСМ, неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски. 

Mazedonien Skopje Vlado Buckovski

Владо Бучковски вели дека неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски.

„Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ“, вели Бучковски.  

На собирот во МАНУ во септември годинава, еден месец пред изборите, Црвенковски упати низа критики за актуелната политичка состојба во земјава, којашто оцени дека е длабоко поделена и конфронтирана. „Македонија е корумпирана држава, нема едакавост пред законот, нема правда, нема доверба во судството. Во корумпирана држава нема квалитетно образование во кое дипломите ќе се заслужуваат, а нема да се купуваат“, вели Црвенковски. Тој рече дека земјата е внатрешно поделена и конфронтирана, не може да се изгради консензус за ниту едно прашање. Партиите не се гледаат како конкуренти, туку како непријатели коишто треба да се уништат, а изборите се доживуваат како гладијаторска борба. 

Бучковски во дебатниот магазин на ТВ21 тврдеше и дека луѓе на Бранко Црвенковски работеле за кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. „Јавна тајна е дека луѓе блиски на Црвенковски учествуваа во кампањата на Максим Димитриевски“, вели Бучковски. 

Димитриевски за време на кампањата отворено се конфронтираше со партијата, а нападите продолжија и деновиве. Старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во гостувањето на ТВ24 посочи дека дел од луѓето што се на министерски позиции, како Венко Филипче, Мила Царовска и Оливер Спасовски, треба да станат минато во СДСМ. Дел од нив, според него, никогаш не ни биле дел од партијата, додека други биле во СДСМ, но потоа постапувале лукративно од министерските позиции. 

-повеќе на темата: Зоран Заев: Дојде тивко и замина во легендите

Главната забелешка е што голем број од луѓето во раководството на СДСМ никогаш не припаѓале на партијата. „Во моменти дури биле многу поблиски со одредени други политички структури, успааја да се наметнат во таа лошо имплементирана кадровска политика. Конкретен ќе бидам, Фондот за здравство го водеа луѓе кои не се блиски до СДСМ. Или да го земам Филипче кој никогаш и не бил нешто близок до СДСМ. Мила Царовска која дојде од невладиниот сектор. Луѓе кои беа во СДСМ, но многу од нив лукративно потоа постапуваа од позициите кои ги имплементираа во власта. Тоа се министерските позиции, како на Спасовски и некои други. Како и да е сметам дека тие луѓе треба да бидат минато во партијата“, вели Димитриевски. 

По оставката - партиски избори 

По констатирањето на оставката на Заев од лидерската позиција, во рок од 15 дена Извршниот одбор на партијата треба да распише изборите, на кои се најавува дека може да се очекуваат повеќе кандидати. 

Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ вели дека очекувал целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев.

„Партијата треба да биде отворена за нови личности кои ќе умеат и сакаат да придонесат, но тоа треба да се заснова на принципиелност. Лидер  од политички калибар не се создава преку ноќ. Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија. Заев со своите атрибути според мојата лична проценка е повеќе од 70 проценти од перцепцијата и персонификацијата за СДСМ, ќе биде тешко да се најде негова замена“, вели Кирацовски. 

Преговори за влада 

Во меѓувреме течат и интензивните преговори меѓу коалициските партнери за избор на нова влада, што според проценките на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, треба да се случат набрзо. До средината на следната недела се очекува да има искристализиран предлог за мандатар, а за десетина дена да се избере и нова влада, вели Милевски. 

Nord-Mazedonien Zoran Zaev Parteivorsitzender SDSM

Најголема неизвеснот има околу името на новиот мандатар, кој ќе треба да го понесе на своите плеќи товарот за иднината на државата.

Најголема неизвеснот има околу името на новиот мандатар, кој ќе треба да го понесе на своите плеќи товарот за иднината на државата, која во наредниов период ќе се соочи со бројни предизвици.

Партиски извори од СДСМ коментираат дека партијата нема голем маневар во донесувањето на одлуката. Од сегашното владино раководство, се смета дека само двајца луѓе имаат голем партиски кредибилитет да го заменат Заев на премиерската позиција - министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која има огромно политичко искуство и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Разврската ќе биде позната за неколку дена. 

DW.COM