Борба за живеалиште со разумна цена | Информации и анализи за Германија | DW | 18.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Борба за живеалиште со разумна цена

Цените за изнајмување на станови во Германија во последните десет години двојно се зголемија. Во многу градови за кирија просечно се одвојува 46 насто од платата.

За премалку станбен простор во Берлин се води голема борба. Тоа го почувствува и Никлас Брубах. Тој веќе 6 години го дели својот двособен стан со цимер. На крајот на годината, сопственикот на зградата го известил дека станот ќе биде модернизиран и оти потоа киријата ќе биде тројно зголемена. За Брубах тоа било шок.

„Што ќе правам ако морам да го напуштам овој стан? Бидејќи не можам повеќе да го плаќам, а не можам да најдам нов. Ќе морам да размислам кои пријатели можам да ги прашам дали имаат слободен кревет, и ако таквата ситуација биде подолго време, прашање е што ќе се случи со моите работи од овој стан. Можеби ќе морам да се отселам од градот“, се жали Брубах

Модернизацијата е испробан метод за зголемување на кириите и тоа не малку. При што често се врши само симболично: 

„Тука е предвидена изградба на лифт, кој ние не можеме да го користиме, бидејќи ќе вози еден и пол кат најмногу, па ќе мораме по скали да се спуштаме половина кат, така што на крајот ќе дојде исто како да сме се качувале по скали“, посочува Брубах.

Гледај видео 03:45

Становите сѐ понедостижни

Станарите почнаа да се бранат. Во Берлин започна собирање потписи со цел да се донесе закон за национализација на становите кои им припаѓаат на големите концерни. Меѓу активистите е и Даниел Дикман. Тој живее во улицата Хаберзатштрасе во центарот на Берлин и гледа што сѐ инвеститорите прават со 106 стана во неговиот станбен блок. Становите се продаваат, се модернизираат, делови од зградата и се уриваат за да се изградат нови луксузни станови. Плашејќи се од големи поскапувања, 80 станари веќе се отселија од таму.

„Мора некаде да живееме и становите не смеат да бидат само стока во рацете на трговците, кои единствено ги интересира само заработувачката. Тука луѓето како мене или како тебе - се споредна работа. Тука луѓето воопшто не се важни“, критикува Дикман. 

Повеќе:

-Зошто данскиот пензиски фонд купи цела улица во Берлин?

-Дали политиката може да го спаси пазарот на недвижности?

-Половина плата за станарина

Пред неколку месеци, неговиот автомобил беше запален. Врз активистот се врши притисок. Го следат, му го уништија поштенското сандаче, сега и автомобилот.

И во другите европски градови становите се сѐ поскапи. И додека во Берлин просечната кирија за еднособен стан изнесува 600 евра, во Минхен е над 1000. И Барселона со преку 850 евра е поскапа од Берлин. Само во Истанбул кириите се пониски. Во Даблин и пред сѐ во Лондон, цените на кириите го пробија плафонот.

Цените на недвижности во Европа беа тема и во магазинот #EUROPEO:

Гледај видео 01:47

Становите сѐ поскапи- насекаде во Европа

Советниците во берлинското Здружение на потстанари имаат полни раце работа. За многу станари, ситуацијата стана драматична. Рајнер Вилд, раководителот на здружението истакнува: „Во Берлин и во другите германски метрополи, ситуацијата на пазарот на станови е исклучително тешка. Веќе долго не било вака. Тоа може да се спореди со ситуацијата по војната, кога немало доволно станбен простор, кој може да се плати“.

Ситуацијата не е тешка само за луѓето со ниски примања. Сопствениците на продавници, полицајците, медицинските лица, наставниците, сите тие сѐ потешко наоѓаат стан кој можат да го платат.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама