Бомбашки напад врз турски војници | Свет | DW | 17.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бомбашки напад врз турски војници

Во близина на автобуска станица во турскиот град Кајсери експлодира автомобил-бомба. Армијата јави за најмалку 13 загинати војници.

Нападот се случил во раните утрински часови во близина на универзитетската зграда во градот Кајсери во централна Турција. Во експлозијата е уништен автобус во кој се наоѓале цивили и голем број турски војници, кои се враќале од работа. Заменикот премиер Вејси Кајнак соопшти дека нападот со автомобил-бомба бил насочен против турската војска. Тој потсети на последните терористички атентати во Истанбул. Во првото соопштение од армијата стои дека се загинати најмалку 13 војници, а најмалку 46 луѓе се повредени. Меѓу жртвите има и цивили. На телевизиските снимки се гледа изгорената каросерија на автобусот.

Минатиот викенд во две експлозии предизвикани од бомби во близина на стадион во Истанбул беа убиени 44 лица. Одговорноста за двојниот напад ја презеде отцепена група од Курдската работничка партија ПКК. Како реакција турските власти уапсија преку 200 политичари од прокурдската партија ХДП. По најновата ескалација на конфликтот меѓу Курдите и турската држава во летото 2015 година, Анкара одбива секаков дијалог со ХДП.

Индустрискиот град Кајсери се наоѓа далеку од курдските области во југоисточниот дел на Турција и досега важеше за мирен регион.

 

DW.COM

Реклама