Болсонаро до Меркел: Пошумувај си во Германија! | Свет | DW | 15.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Болсонаро до Меркел: Пошумувај си во Германија!

Бразилскиот претседател и порача на германската канцеларка да се фокусира на пошумување во нејзината земја, наместо да се заканува со фондовите за проектите во Амазонија. Болсонаро дозволи сечење на шумите во Амазон.

Жаир Болсонаро ја отфрли заканата од Германија дека министерството за животна средина ќе го замрзне финансирањето на проектите за заштита на регионот на Амазонија. Новиот бразилски претседател по преземањето на функцијата експресно дозволи дефорестација на регионот, што пак, доведе до големи критики во светот.
„Сакам да и порачам на драгата Ангела Меркел. Земи си ги парите и пошумувај си ја Германија, во ред? Многу повеќе се потребни таму одошто овде“.

Brasilien | Satellitenbild Regenwaldabholzung in Mato Grosso (Map Biomas Alerta/Landsat)

Огромни шумски површини во Амазон се уништени од доаѓањето на власт на Болсонаро


Германската министерка за животна средина Свења Шулце викендов најави дека Германија ќе блокира 35 милиони евра од фондовите за поддршка на проекти во Амазонија откако владата на Болсонаро повторно дозволи масовна сеча на дрвја. Болсонаро, кој се залага за ставање крај на заштитениот статус на регионот на Амазон, претходно ја обвини Германија дека се обидува да го „измами“ Бразил со блокадата на фондовите.

Вербална војна

Ова не е првпат Амазонија да се најде во центарот на судирот меѓу Германија и Бразил. Меркел и претходно изразуваше загриженост за заштитата на природата и човековите права во регионот. Болсонаро тогаш и возврати дека Германија има огромен финансиски профит од фактот што е еден од најголемите загадувачи во светот- и, додека тоа не се реши, нема право да го критикува Бразил.

Brasilien Einzelner Baum nach Abholzung im Amazonas Regenwald (Getty Images/AFP/R. Alves)

Неодамна снимен предел во Амазон


Според истражувања на бразилските институции, од доаѓањето на Болсонаро на власт, сечењето на шумите во Амазон е зголемено за 278 проценти. Болсонаро експресно му даде отказ на шефот на институцијата која го спроведе истражувањето.
Амазонската шума уште се нарекува и „бели дробови на Земјата“, поради нејзината клучна улога во апсорбирањето на емисиите на јаглерод и производството на кислород.

 

DW.COM

Реклама