1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: 1.275 новозаболени и 13 починати

ДТЗ /ДВ
5 ноември 2020

Во справувањето со коронавирусот од денеска ќе помага и Армијата, која ќе се вклучи со свој кадар и опрема

https://p.dw.com/p/3kvXr
Nord-Mazedonien | Patienten Anlieferung
Фотографија: Petr Stojanovsk/DW

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 1.275 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 502 оздравеа. Како што соопшти Министерството за здравство, направени се 3.331 тестирање. Најголем број случаи се потврдени во Скопје-519, Тетово-85, Прилеп-75 и во Куманово-70.

Во изминатите 24 часа починале 13 лица, од кои најмладиот кој шти и подлегнал на болеста е 31-годишник од Струга. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762.

Во болниците се потешко се наоѓаат слободни кревети за заболелените, а здравствените институции кубурат и со медицински кадар. За спрасвување со коронавирусот, од денеска ќе помага и Армијата која ќе се вклучи со свој кадар и опрема. Претседателот и врховен командант Стево Пендаровски нареди и медицински лица од Армијата да се ангажираат во работата на здравствени установи. Војската ќе помага и во поставување шатори и друг вид сместувачки капацитети наменети за лекување на заболените лица.