1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Болните и изнемоштени прегласуваат денеска

АМ/миа20 април 2013

Пред утрешното прегласување на вториот круг од локалните избори во дел од изборните места во Центар и Струга и едно во Ѓорче Петров, и вториот круг во Долнени, денеска е изборен молк. Гласаат изнемоштените и болни лица.

https://p.dw.com/p/18JoW
Фотографија: MIA

Во трите општини каде што се прегласува вториот круг од локалните избори во Македонија, шеесет пријавени болни и изнемоштени ќе го искористат своето право на глас. Во скопската општина Центар ќе гласа 31 изнемоштено и болно лице, во Струга 26, а во Ѓорче Петров три.

Во Долнени, каде утре се одржува вториот круг од локалните избори, пријавени за гласање се 216 изнемоштени и болни лица.

Гласањето утре почнува во седум часот наутро и трае до 19 часот. Вториот круг од петите локални избори ќе се повтори на 29 избирачки места во Центар, на девет во Струга и на едно во скопската општина Ѓорче Петров. Втор круг од локалните избори ќе има во општина Долнени на 39 избирачки места.

Вкупниот број гласачи на избирачките места во Центар, според избирачкиот список, изнесува 22.939. Во деветте избирачки места во Струга треба да гласаат 7.885 граѓани, додека во Ѓорче Петров запишани во избирачкиот список се 1.320 граѓани со право на глас.

Во Долнени, каде ќе се одржи втор круг од гласањето на локалните избори, во избирачкиот список има 10.521 избирач.

По затворањето на избирачките места започнуваат да течат роковите за претставки до општинските изборни комисии и до Државната изборна комисија.