Боливискиот претседател стравува од пуч | Свет | DW | 09.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Боливискиот претседател стравува од пуч

По жестоките судири меѓу приврзениците на владата и на опозицијата, боливискиот претседател Ево Моралес ги обвини противниците за обид за државен удар. Демократијата во земјата е во опасност, напиша тој на Твитер

Насилни групи започнаа со изведување пуч во земјата, со цел да го соборат уставниот поредок, твитна Моралес, дополнувајќи: „Го осудуваме овој обид за превртат“.

Според медиумски извештаи, во повеќе градови полицијата им се приклучила на бунтовниците против Моралес. По спорните претседателски избори во Боливија на 20 октомври, политичките табори во јужноамериканската држава водат огорчени судири. Противниците на Ево Моралес се сомневаат во неговата победа во првиот круг на изборите и бараат проверка на резултатот.

Повеќе:

(Видео) Демонстранти понижуваа градоначалничка во Боливија

Одгледувањето на кока на рекордно ниво

Во Боливија смеат да работат деца од 10 години

Моралес е најстариот владетел на континентот. Поранешниот земјоделец и одгледувач на кока е на чело на државата од 2006 година, а ако се остварат неговите планови, тој ќе остане на државното кормило до 2025 година. Сиромашната Боливија во мандатот на левичарскиот претседател бележи развојни стапки повремено и до шест проценти, благодарение на експлоатацијата на гас и литиум. Но, се` понагласениот самоволен, автократски стил на владеење на Моралес наидуда на отпор кај населението. Незадоволни од претседателот се првенствено луѓето во економски посилниот источен дел од државата.

 

DW.COM

Реклама